3 типа на луѓе кои треба да ги задржите покрај себе

Во животот среќаваме различни типови на луѓе. Некои од нив поставуваат препреки на нашиот пат до успехот, додека други се тука да ни дадат поддршка секогаш кога ни е потребно. Дел од нив брзо ќе влезат и исто толку брзо ќе излезат од нашиот живот, а дел ќе останат бидејќи навистина вреди да ги задржиме покрај себе.

Ментор

Менторот може да биде член од семејството, учител, професор, пријател кој најчесто е постар од вас и секогаш се наоѓа при рака кога е потребно. Неговото односно нејзиното животно искуство е она што го прави менторот особено важен за вас. Тоа е личноста која може да ве насочи, да ви даде објективен совет од страна или пак едноставно да ве сослуша кога ви е тешко. Во релациите ментор/студент, вообичаено студентот е оној кој добива најголеми придобивки од врската, но не е исклучено и менторот да научни нови животни лекции. Доколку немате ваква личност во вашиот живот можеби е вистинското време да ја пронајдете.

Сродна душа

Не знаете зошто, но секогаш кога сте со оваа личност имате чувство дека се знаете цел живот без разлика на тоа колку долго се познавате. Спротивно на верувањата дека сродната душа секогаш треба да биде од спротивниот пол, во пракса истата може да ја најдете и во некоја блиска пријателка или колешка, односно пријател или колега. Со оваа личност имате многу сличности, сакате исти нешта, а понекогаш се разбирате без зборови. На некој начин, таа/тој е ваша копија со која може да водите интересни разговори за сè што ве интересира.

Целосно спротивен карактер

Ова е личност која има сосема поинакви размислувања од вашите и со која не ретко се расправете поради тоа, но никој од вас не го сфаќа тоа лично. Поради ваквите карактери на луѓе учите како да бидете подобар човек бидејќи ве извлекуваат од вашата сигурна зона и ве мотивираат да ги разгледате и другите опции. Не ретко тие се тука за да го тестираат вашето трпение, да ви покажат како да ги балансирате нештата и да ве натераат да сфатите дека понекогаш во животот компромисите едноставно се неопходни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби