Како зрачиш така привлекуваш

6 големи тајни за остварување на целта

Честопати сме сакале да ја исполниме зацртаната цел и за жал, не сме успеале во истата. Не знаеме во што е проблемот и кога ќе решиме повторно да почнеме, сфаќаме дека сме изморени од самото чекање на целта. Што е она што треба да го направиме, за да стигнеме побрзо до неа?

Бидете секогаш тука и сега, целосно опуштени



Најважно е да останете тука и сега. Единствено време во кое може нешто да создадете е сегашноста. Луѓето прават грешки и креираат идни случувања така што се фокусираат на иднината, а тоа ја турка целта многу подалеку.

Правилно поставете ја целта – мора да имате јасна идеја за она што сакате да го постигнете



Целта мора да биде позитивна. На пример, сакам да не сум дебела, не е добро зацртана цел, бидејќи е во негативен контекст. Мозокот не ја препознава негацијата па грижата за нашата потсвест ќе биде „дебела“. Исправното поставување на цел се работи така што прво ја замислувате сликата на она што го сакате (и не го менувате) и таа слика треба да го следи чувството, како посакуваното веќе да е тука.

Потоа замислете се себеси како сте ја исполниле целта, која е на пример до 31.12.2015 сакам да имам 75кг, бидејќи така поставената цел е позитивна, специфична, достапна, мерлива и временски ограничена. Замислете какво е чувството повторно да влезете во старите фармерки или здолништа, кои не можевте да ги носете подолго време.

Целта создадена на овој начин, ќе направи универзумот да се погрижи за вас и да ви помогне во исполнувањето.

Почнете од малите работи



Почнете со нешто мало. Ако треба да ослабете 50кг, а до сега никогаш не сте слабееле повеќе од 30кг или ако сакате да заработете 50.000 евра годишно, немојте веднаш да поставувате цел толку многу да ослабите или да ги имате тие пари, бидејќи отпорот на потсвеста ќе биде преголем.

Ако не сте биле во врска 2-3 години, немојте веднаш да го барате партнерот од вашите соништа. Потрудете се да не излезете наеднаш од вашата комфор зона, туку постепено.

Поделете го исполнувањето на целта на мали чекори, за да може јасно да ги видите. Поставете си мала цел, на пример, секое утро потрудете се да ослабувате барем по 1кг и тоа да трае околу 9-10 дена. Кога ќе стигнете до 10 ден, ќе забележете дека вашиот успех е 90% затоа што сте ослабеле 10кг. Дури откако ќе успеете во овој прв дел, посветете се на следната цел, на пример, слабеење 2кг дневно и плус вежбање 3 пати неделно.

Она што е најважно е во почетокот да го стекнете чувството на успех! Кога еднаш ќе го почувствувате макар и со мало исполнување, тогаш сè е полесно. Затоа почнете со нешто што е само малку поголемо од она што обично го имате и нека тоа биде вашиот прв успех.

Нема чекање



Ако ништо не се случи за недела – две, не смеете да се разочарувате. Привлекувањето веќе се случува, но вие го туркате од себе со самото тоа што чекате да се исполни. Што повеќе очекувате желбата да се исполни сè повеќе се убедувате дека нема да се исполни. Поради тоа, немојте во глава да имате мисли од типот ама јас тоа не го можам, затоа што навистина нема да се случи она што го посакувате.

Само дозволете да се случи. Заборавете на тоа како и каде ќе се случи, бидејќи ќе се случи само ако навистина дозволете да се случи. Но, првиот чекор е акција, затоа немојте само да седите дома и да чекате шансата да ви заѕвони на врата.

Дозволете да се случи



Нашата цел нема да се исполни баш кога ние сакаме и планираме, туку на свој начин бидејќи силата е многу покреативна од нашиот ум. Мора да бидете со отворен ум и да ги забележите малите сигнали и да ги препознаете шансите, со цел да ги искористете. Не можете само да седете и да чекате да ви паднат од небо. Некој или нешто мора да биде канал низ кој ќе се исполни желбата.

Ако сакате повеќе пари, ќе ви се укаже прилика за да дојдете до нив. Немојте да форсирате, само отворете се за можностите за лесен начин на заработка во кој ќе уживате, без да се мачите. Ако сакате убава врска, тогаш одете на оние места каде што има шанси да сретнете личност каква што ќе ви договара и тоа ќе се случи. Ако сакате подобра работа, поврзете се со луѓе кои тоа го работат.

Направете еден чекор напред и гледајте како ви се отвораат патиштата.

Опкружете се со позитивни луѓе, негативните елиминирајте ги од својот живот



Луѓето заеднички ја создаваат реалноста во која живеат. Ако во вашата околина превладуваат негативци, најверојатно и вие ќе бидете негативни.

Ослободете се од нив, бидејќи тие се многу посилни во своите навики и сакаат да живеат во сиромаштво, болести, лоши односи и поединците меѓу нив кои сакаат да ја променат ситуацијата немаат многу шанси. Овде владее законот на посилните.

Па затоа ослободете се од нив или разубедувајте ги дека негативноста воопшто не е убава, ниту привлечна и насочете ги кон попозитивни работи. Дури и да не може да ги извадите од нивното сивило, тогаш ако тие луѓе вистински ве сакаат, ќе ви ги разберат вашите цели и нема да ви одмагаат во нивна реализација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби