Што велите за една мала секс авантура на годишниот одмор?
Ако судиме по анкетата што ја спроведовме на нашиот портал помеѓу 500 читателки, повеќе од 70 проценти од сингл девојките би се впуштиле во сексуален однос за време на годишниот одмор со некого кого тукушто го запознале.
Најголемиот дел од нив (35 проценти) би го направиле тоа поради потребата за авантура, како и поради фактот што таму каде што летуваат никој не ги познава (15 проценти) и нема да ги критикува за слободното однесување.
Околу 5 проценти би имале секс за да си докажат дека се привлечни додека преостанатите испитанички би го направиле тоа за да заборават некој кој што ги повредил односно поради поголема консумација на алкохол.
Само 28 проценти од оние кои учествуваа во анкетата велат дека воопшто не им паѓа на памет да се впуштат во сексуален однос за време на годишниот одмор.