Вечно млада кожа: Јапонски рецепт за маска од ориз

Сакате да изгледате и до 10 години помладо? Жените од Јапонија велат дека тоа е возможно доколку ја нанесувате маската од ориз, чиј рецепт и’ го откриваат на светската јавност.



Оризот е особено богат со лимонска киселина и сквален, моќен антиоксиданс кој го стимулира производството на колаген, благодарение на што се зголемува еластичноста на кожата и се забавува појавата на брчки.

Исто така, скваленот од оризот ја штити кожата од штетното дејство на сончевите зраци, а оризот изобилува и со витамин Е и гама оризнол, познат по својата способност да го штити срцето и да го намали холестеролот.



За жал, освен Јапонците, повеќето луѓе воопшто не се свесни за овие научно докажани факти.

Кога е во прашање подмладување на кожата, оризот навистина прави чуда, но најдобро е да го подготвите овој стар јапонски рецепт за едноставна маска од ориз и да се уверите самите во нејзината ефикасност. Таа ќе ги „испегла“ вашите брчки и ќе ви даде совршен тен!

Потребни состојки:

  • 3 лажици ориз
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица мед

Подготовка:

Сварете го оризот и зачувајте ја водата во која се варел. Измешајте лажица топло млеко во процедениот ориз, па додадете и лажица мед и испасирајте. Маската секогаш нанесувајте ја на чиста и сува кожа и оставете ја самата да се исуши на лицето. Потоа лицето измијте го со водата во која сте го свариле оризот. Таа вода содржи силни антиоксидативни својства, ја хидратизира кожата и ја стимулира циркулацијата, а помага и во отстранување на брчките и ублажување на воспаленијата на кожата.

Оваа маска ќе ја направи вашата кожа здрава и хидратизирана. За оптимални резултати, повторувајте го овој третман барем еднаш неделно. Ќе бидете изненадени од вашиот тен кога ќе се погледнете во огледало. Јапонките тврдат дека веќе после неколку нанесувања, ќе изгледате помлади дури за 10 години . Па, зошто да не се обидете?!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби