6 навики кои нè прават несреќни

Иако лошото расположение неретко може да биде предизвикано од случувања кои се надвор од вашето поле на контрола, тоа не мора да значи дека мора да го тераме животот „како што нè носи водата“. Токму спротивно, треба да им пружите отпор на лошите работи и негативниот став кој ви ги носи животот.



Доколку постојано чувствувате дека сте под стрес, голема е веројатноста дека дошло време да напуштите одредени стари навики. Тоа можеби е личноста со која сте во врска, пријателката со која секојдневно се гледате или вашата работа... Сите овие работи можат да бидат извор на лошо влијание и да ви остават трајни последици.

Иако факт е дека за лошото расположение постои цела низа на можни причини, некои од нив се јавуваат почесто од другите и се вовлекуваат во нашето секојдневие, нарушувајќи го и без наша дозвола. Ви претставуваме список на неколку лоши навики кои нè прават несреќни:

Им дозволувате на насилниците да ве малтретираат

Околу 35% од вработените Американци имаат доживеано барем некаков облик на насилно однесување на работа. Доколку некој ве малтретира континуирано, тој период би можел да ви нанесе сериозни последици на вашата ментална состојба.

Имате погрешно држење на телото



Како се чувствуваме може да влија на тоа како одиме, но и обратно. Доколку се држиме исправено, ќе се чувствуваме подобро и ќе размислуваме попозитивно. Така барем тврди истражувањето објавено во списанието Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychiatry.

Фотографирате сè и сешто

Се трудите да го забележите секој момент со цел да го споделите со вашите пријатели на друштвените мрежи? Можеби залуденоста со камерата и мобилниот телефон стои на патот помеѓу вас и уживањето во тоа што го правите. Наместо да го фотографирате баш секој аспект од вашиот живот, подобро проживејте го моментот и добро запомнете го. Фотографираните моменти ретко успеваме да ги доживееме и да ги запомниме надвор од фотографијата.

Не вежбате



Доколку вежбате само 3 пати неделно (прошетката исто така се вбројува), шансите за лошо расположение ќе ви се намалат за дури 19 проценти. Недоволното движење, односно недостатокот од телесна активност, лесно ќе ве вовлече во лошо расположение.

Одолговлекувате

Повеќето луѓе ги одложуваат своите обврски од бројни причини (а изговори за тоа има колку сакате), но тоа може да има исклучително негативни последици на вашето расположение, како стрес и напнатост.

Се наоѓате во лоша врска



Романтичната врска неретко може да влије на вашето целокупно расположение. Доколку постојано сте под стрес, постои голема можност да треба да размислите за тоа колку сте среќни со вашиот партнер. Тој никако не би требало да биде личноста која ќе ви предизвикува чувство на помала вредност или неспособност.

Истото важи и за вашите пријатели. Доколку го пронајдете „непријателот“ помеѓу нив, кој ви ги поттикнува токму тие чувства кога сте со него, оддалечете се од него. На тој начин ќе се поштедите и конечно ќе ги тргнете облачињата над вас за кои не сте ни имале претстава дека ги имате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби