3 докази дека сте во рацете на манипулатор

За да си ги остварат своите цели, некои луѓе не бираат какви сè средства ќе искористат. Тие се нарекуваат манипулатори, а нив можете да ги пронајдете во облик на пријатели, познаници, колеги или љубовни партнери.

Научете како да го препознаете опасниот емоционален манипулатор!



Манипулирал и други пред вас

Дали некогаш сте фатиле блиска личност како кажува лага на некој друг? Дали таа личност има негативен став за многу работи? Дали ви кажувала сериозни озборувања за некој, без оглед дали се вистинити или не?

Ова се само дел од основните прашања кои морате да си ги поставите доколку се сомневате дека вашиот пријател, колега или партнер манипулира со вашите чувства.

Манипулаторите се индивидуалисти. Тие често мислат дека се попамети и подобри од другите, па заради тоа имаат потреба да се воздигнуваат себе си. Доколку во разговор со таква личност постојано доаѓа во прашање нечија способност, интелигенција или карактер, имајте на ум дека големи се шансите таквиот манипуларот да ви го прави истото и вам позади грбот.

Брз е на зборови и дела

Манипулаторот ќе се обиде на најбрзиот можен начин да влијае врз вашите емоции и тоа со помош на ласкање, слатки зборови и лажен интерес за вас. На тој начин тој создава доверба и ја изградува врската.

Еден од полесните начини да откриете манипулатор е да ги прочитате знаците кои откриваат дека таа личност станува загрижена единствено кога некој или нешто влијае на остварувањето на нивната крајна цел.



Во тие ситуации манипулаторите тешко се контролираат бидејќи доколку вие не се согласувате со нивните цели, значи дека не можат да ве контролираат, па со сите сили ќе се потрудат да ве уверат дека тие се добри за вас.

Следниот пат кога пријателот, колегата или партнерот, за кој се сомневате дека е манипулатор, ќе ви предложи нешто поинакво, следете ја неговата реакција. Вистинските манипулатори, доколку нешто не им одговара или доколку се изложени на критика, реагираат избувливо и силно.

Игра на вашите емоции

Емоционалното, духовно или психичко заведување е најсилно оружје на манипулаторите. Тие ги користат вашите најсилни емоции, кои на крајот ќе одат само во нивна корист. Околу себе ги окупираат луѓето кои можат да ги контролираат, било преку романтична врска, блиско пријателство или пак, деловно партнерство.

Таквите личности ќе ви кажат се што сакате да слушнете, а за оние кои им стојат на патот до целите ќе зборуваат лоши и негативни работи со кои ќе се сложите и вие, а на крајот нема ни да знаете зошто. Нивната цел е да ја насочат врската во своја корист и да ја прилагодат исклучително на своите потреби.



Исто така, личностите од овој вид, за момент ќе направат на крајот од секоја расправија вие да излезете негативецот. Во тие ситуации, нивните „жртви“ почнуваат да веруваат во тоа и ги преиспитуваат своите постапки, па дури и се извинуваат за своите дела, додека во реалноста не направиле ништо погрешно, туку станале дел од нивните вешти шематски манипулации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби