ОД МАШКИ АГОЛ

Кога сфатив дека таа е вистинската

Немаме често прилики да ја видиме нежната страна на мажите, ниту па да присуствуваме на нивните исповеди кога зборуваат за љубовта, нивните чувства и размислувања. Благодарение на веб-сајтот Reddit успеавме да го добиеме одговорот на прашањето кога тие сфатиле дека ја пронашле вистинската девојка.

(Признаваме дека уживавме читајќи ги овие одговори)



Смеењето ги поврзува луѓето

Отидов во кино со голема група на луѓе. Гледавме глуп филм, но само една личност се смееше на оние сцени кои и мене ми беа смешни. Сфатив која е таа и за брзо време излеговме на состанок. Продолживме да се смееме. Во брак сме скоро 25 години. Се уште се смееме кога никој друг не се смее.

Колекција книги за Хари Потер

Кога прв пат се вселувавме во стан, затоа што решивме заедно да живееме, ги распакувавме сите работи, а меѓу нив и книгите. Кога завршивме со распоредување на книгите на полиците, погледнав и видов дека имаме дупли книги од омилените романи. Се сеќавам дека во тој момент помислив: Таа е вистинската.

Брзо возење со автомобил



Во секоја претходна врска кога возев автомобил, девојката ми викаше да ја намалам брзината и да внимавам. Инаку, јас не сум манијак, само сум Италијанец. Ги мразев овие сцени и секогаш бурно реагирав и викав. Кога прв пат се возев со сега веќе жена ми, таа возеше, а јас се пресеков. Пред да стигнам да кажам било што, само слушнав: Сакаш ли брзо возење? Тоа беше тој момент.

Омилен филм – Индијана Џонс

Бев во спалната и се подготвував за да излезам, кога ја слушнав жена ми (во тоа време девојка) како ми вели: Така ти е кога се шегуваш со Индијана Џонс, вреќо со ѓубре! Многу брзо после тоа, ја прашав дали сака да се омажи за мене.

Далечината може да биде и предност

Јас сум Ирец, а жена ми Австралијанка. Се запознавме кога таа дојде во Ирска и беше во мојот град со нејзини пријатели. Успеав да ја убедам да го продолжи одморот многу подолго отколку што мислеше и тоа цели две години, но знаев дека ќе дојде денот кога треба да си оди во Сиднеј. До тогаш знаев дека не можам да си ја замислам иднината без неа, па ја запросив. Тоа беше најдобрата одлука во мојот живот.

Најслатката приказна некогаш



Во третиот месец од нашата врска, отидовме да се шетаме во една ладна есенска вечер, а таа ми зборуваше зошто еден ден сака да биде мајка. Почна да раскажува какви ќе бидат децата, кога едното ќе замине на пижама-забава, другото дете ќе биде љубоморно... Не ни помислував да имам деца претходно, но можев да се видам себеси покрај неа, водејќи таков убав семеен живот.

Соочување со стравовите

Мојата сегашна сопруга многу се плашеше од летање, па за мојот роденден решивме да пробаме заедно да летаме со падобран. Набрзо кога скокна од авионот и беше лошо и се чувствуваше така се додека не ја допре земјата. Тоа беше пресудно за ослободување на стравот од летање, а тој момент беше клучен за да го поминеме животот заедно.

Венчавка

Со неа отидов на свадба. По церемонијата се држевме за раце и гледавме во небото, набљудувајќи го прекрасното заоѓање на сонцето. Во тој момент сфатив колку ми значи и дека во последните осум месеци откако сме заедно, не поминал ни ден да не помислам на неа и искрено да се насмеам на некои наши интерни шеги.

Кога не правиме ништо

За мене најубава работа во врската е кога го минувам викендот со неа. Нашите викенди се состоеја од уживања и галења (насекаде низ дома) иако ништо не правевме, се уште сметам дека тоа е најдобриот викенд кој можам да го замислам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби