12-то издание на Моден викенд Скопје

Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото „Модата и културното наследство“, на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“, додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае се до 25 октомври.

Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016 е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.

Во текот на целиот Моден викенд во Музејот, под покровителство на “Lotus Lounge Chair” , по прв пат ќе се случува “Lotus Cozy Cinema”. Освен краткиот филм „ Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажани и други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програмата „Dressing the Screen“ обезбедена од Британски совет во Македонија.

Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје. Последните три дена ( 23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, каде што ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа, турскиот моден бренд „Kigili“ , Митко Занов, Ирина Тошева поддржана од MyTime, Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева поддржана од D’Eyeko и за прв пат во Македонија руската модна куќа „N by Z“.

Моделите на модна куќа „N by Z“ која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руската модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија, а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји.

Како дел од новата сезона на Моден викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“. Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември.

Концепт-дизајнот за визуелниот имиџот на Моден викенд Скопје 12 го потпишува Јована Зука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби