Со нејзиниот бронзен тен и завидливо тенка фигура, може да се претпостави зошто Ирина Шајк беше избрана да ја промовира La Clover есенско-зимската колекција.
Дваесет и девет годишната убавица, која е во среќна врска со холивудскиот заводник Бредли Купер, несомнено е совршениот модел за било која линија на долна облека.
Откако позираше за брендови како Victoria's Secret, Lacoste и Cesare Paciotti, Шајк ја продолжи соработката со La Clover овој пат промовирајќи ги најновите модели од нивната колекција.