„Свадбените приказни“ го отворија 12-от Моден викенд

Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на Моден викенд Скопје, вчеравечер во Музејот на Македонија.

Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски Универзитет во РМ и Британски совет во Македонија.

На отворањето на модната изложба се обратија директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчевска, Кендал Робинс програмски менаџер во Британски совет Лондон и професорката Гордана Вренцоска од Европскиот Универзитет на РМ која ја прогласи модната изложба за отворена.

-Се надеваме дека проектите како што е овој ќе помогнат во вградување на културната вредност во модата и ќе овозможат почитување на различните традиции и културни приказни кои таа ги изразува, а сето тоа преку охрабрување на интелектуални и аналитички пристапи, како што се поимите за наследство и идентитет во современиот дизајн, велат од Британскиот совет.

Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата која ќе трае се до 8 ноември ќе претстават дизајнерски раскажани приказни преку кои даваат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.

Во сценографијата се вметнати и експонати од изложбата „Црвен петел – црна кокошка“ на Музејот на Македонија.

Ревијалниот дел на Моден викенд почнува вечерва со ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби