Бои кои вибрираат по пулсот на еден град

Најновите колекции на Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Митко Занов и турската модна куќа „Kigili“ беа прикажани на претпоследниот ден Моден викенд Скопје.

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот „Kigili“ за прв пат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен - зима 2015/2016.

Колекцијата е сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.

Митко Занов дебитираше на Моден викенд Скопје со својата прва авторска колекција наречена „Голата мугра“ .

Занов за парчињата наменети за актуелната сезона вели: Храбра, авангардна и грациозна се клучните зборови кои ја опишуваат жената, која ме инспирираше да создадам колекција која ќе понуди уникатни, иновативни и квалитетни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, што им дозволуваат на девојки со нескротлива имагинација да го експресираат личниот стил во секојдневниот изглед.

Ирина Тошева која своите креации редовно ги презентира на Моден викенд Скопје, поддржана од My:Time и Министерството за култура на РМ, ја донесе колекцијата на која беа пресликани куќи и пораки испишани на кирилица. Модната презентација беше испратена со музиката на „Нокаут“ кои пред публиката песните ги свиреа во живо.

-Бои вибрираат по пулсот на еден град, барајќи го својот дом. Улиците по кои секојдневно чекореа го сменија својот ритам и ги натераа во стрмоглава потрага. Бараа дом кој одново ќе го варосаат во нова младост. И не само тој, туку и други. Градеа разнобојни домови за да создадат колективно гнездо на топлина. Погледни! Цела низа куќи само за нас. А од нивните оџаци мириса на љубов бескрајна и свежо пространа облека на утринско сонце, вели Тошева.

За крајот на вечерта Роберт Ивановски поддржан од винаријата „Камник“, се врати на Моден викенд Скопје со колекцијата „Feelings“ наменета за пролет/лето 2016 година .

-Колекцијата е инспирирана од природата и нејзината обоеност, поп културата и моите чувства низ годината. Доминантни бои се белата и зелената, збогатена со абстрактни принтови изработени од младите сликари Бојан Ковски и Елена Чемерска, вели дизајнерот Ивановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби