Мажите се плашат од интелигентни жени

Научниците го обелоденија потајниот машки страв

Мажи, дали жените ја загрозуваат вашата машкост? Новото истражување покажува дека одговорот на ова прашање е позитивен.

Иако повеќето мажи велат дека сакаат да бидат во врска само со интелигентни жени, кога доаѓа времето за тоа, ним сепак помалку им се допаѓаат умните жени, откива истражувањето.



За целите на оваа студија психолозите направиле различни истражувања кај машките универзитетски студенти. Тие побарале од 105 мажи да читаат хипотетичко сценарио и да потполнат соодветна анкета за жени кои на испит имале подобри или полоши резултати и после ја рангирале нивната привлечност, односно атрактивност.

Резултатите покажале дека, генерално, мажите формираат поволен впечаток и покажуваат поголем интерес за жени кои се подобри од нив. Дури 86 проценти од овие мажи изјавиле и дека би се чувствувале удобно ако имаат врска со некоја што е попаметна од нив, а ниту еден од нив не открил дека интелигентната жена ја перцепира како опасност за машкоста.

Меѓутоа, вториот дел од студијата, кога мажите биле прашани дали би имале врска со ваква жена во реалноста, се покажало дека тие се дистанцираат, ја рангираат таквата жена како помалку атрактивна и покажуваат помала желба да ја запознаат или да закажат состанок со неа.

Исто така, една друга студија открива дека мажите не ја вреднуваат интелигенцијата или амбициозноста на жените кога тие ги надминуваат нивните, како и дека особено им се одбивни амбициозните жени.

Едноставно кажано, во едно хипотетичко сценарио, во кое никогаш нема да дојде до контакт, мажите покажуваат поголема привлечност кон жените кои се попаметни од нив, но кога ќе се соочат со вистински состанок со поинтелигентна жена, тие покажуваат помала привлечност кон неа и желба да се сретнат.

Секако, овие резултати не значат дека сите мажи се загрозени од поинтелигентни жени, но сепак постои мала разлика помеѓу она што велиме дека го сакаме и она што навистина го сакаме.

Исто така, најдобар индикатор за ова е фактот дека мажите сепак повеќе се заинтересирани за состанок на кој се зборува со јазикот на телото отколку за конверзација.



Иако експертите мислат дека треба да се направат повеќе експерименти за да се потврди овој заклучок, но тие веруваат дека чувството за потценета машкост кај мажите резултира во намалена привлечност кон жените кои се подобри од нив.

Кој да знае дека машкоста можела да биде толку кршлива?!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби