Еротоманија: Љубовна илузија со лош крај

Најдобриот начин да ја опишеме еротоманијата е како опсесивна љубов кон некоја славна личност или личност од повисок општествен статус.

Еротоманите веруваат дека се вљубени во личноста, но и дека таа им ја возвраќа љубовта. Кога ќе наидат да отпор од другата страна, еротоманите се убедени дека објектот на нивната опсесија во суштина сака да ја скрие љубовта од јавноста, па токму затоа ја негира.

-Еротоманијата е илузија дека другата личност сака некого, но нешто ја спречува да го објави тоа пред другите. Најчесто се јавува кај жени во средни години, кои веруваат дека некој маж од „високото друштво“ кој им е познат тајно е вљубен во нив, вели психологот Глен Вилсон.

Иако оваа состојба е покарактеристична за жените отколку за мажите, кога се манифестира кај посилниот пол е поопасна. Своевремено Џон Хинкли изврши атентат врз американскиот претседател Роналд Реган со цел да би ја импресионирал холивудската актерка Џоди Фостер со која бил опседнат.

Најголемиот проблем во целата ситуација е што еротоманот не е свесен дека тоа што му се случува не е нормално однесување, па затоа не бара помош.

-Го загубив татко ми од рак кога бев тинејџер. Кога ми ја дијагностицираа еротоманијата ми рекоа дека сè уште не сум закрепнала од таа загуба, вели Мери, која започнала да покажува знаци на еротоманија кон својот претпоставен. Откако им кажала на колегите дека е во врска со него, тие ја прогласиле за манијак по што морала да си даде отказ од работното место.

Жртвите на еротоманите понекогаш поминуваат низ вистински пекол поради тоа што постојно се под будното око на еротоманот. Добиваат писма, пораки и други знаци на внимание, а не ретко мораат да бараат и забрани за приближување бидејќи еротоманите ги следат на секој чекор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби