Пегите се уникатни и голем дел од личностите кои ги имаат на лицето се гордеат со нив. Но, што е со личностите кои сакаат да ги имаат на своето лице, но природата не била „дарежлива“ кон нив?
Freck Yourself е најновиот изум во козметичката индустрија за кој моментално се собираат средства (преку Kickstarter ) за да се најде на полиците на сите парфимерии и кометички продавници.
Креиран од Реми Брикстон, Freck Yourself се состои од лепливи ленти кои нанесуваа боја и по одлепувањето на лицето остануваат темни дамки кои треба да симулираат дека личноста која ги нанесува всушност има пеги.
Вештачките пеги по нанесувањето ќе траат 48 часа, а како изгледаат?