ГОДИШЕН ХОРОСКОП:

Што предвидуваат ѕвездите за 2016-та?

Овен

Ова ќе биде мошне возбудлива година за овенот. Досега вредно работевте, па сега е време да ја добиете заслужената награда за вложениот труд. Вашите способности ќе дојдат до израз уште во првиот дел од годината и затоа не плашете се да пукате високо. Што се однесува на љубовта и семејството можно е конците на кратко да ви избегаат од раце и да се појават конфликти кои што не сте ги очекувале. Ако сакате хармонија ќе треба да бидете подготвени на компромис и на отворен разговор за проблемите. Доколку го надминете драматичниот период остатокот од годината ќе го поминете без поголеми препреки.

Во текот на годината ќе ве следи добро здравје. Ѕвездите советуваат да започнете да се занимавате со нов спорт и да одвојувате повеќе време за себе.

Бик

Најголемиот непријател со кој што ќе се соочите оваа година сте вие самите. 2016-та може да ви донесе многу позитивни нешта сè додека не се сомневате во своите квалитети особено во првиот дел од годината. Периодот од јануари до мај е како создаден за успеси на професионално поле. На приватен план нештата се развиваат одлично. Постојано ќе бидете опкружени со пријатели и ќе запознавате нови лица. Ако влезете во нова врска не ги избрзувајте работите туку дозволете сè да се случува во свое време.

Внимавајте на стресот и не дозволувајте да ви го дестабилизира организмот. Ова е година кога најверојатно ќе морате да се откажете од нездравите навики и задоволства за да се чувствувате подобро.

Близнаци

Луѓето сакаат да ви го земат она што го поседувате без разлика дали тоа е работното место или љубовниот партнер. Единствено што во преостанува е да останете силни и да не дозволите да ве саботираат. Иако поголемиот дел од годината ќе биде непредвидлив ве очекува професионален напредок во ноември и декември.

Кога станува збор за љубовта не ретко ќе мислите дека можете подобро, односно дека сегашниот партнер не е доволно добар за вас. Сепак, не водете се од оваа мисла бидејќи лесно може да направите грешка што подоцна скапо ќе ве чини.

На здравствено поле се можни како подеми така и падови. Не правете се во последен момент и избегнувајте ги рутинските контроли.

Рак

Верувате дека сè што правите е она правилното, па може многу да се разочарате доколку не го остварите она што сте го замислиле. Ќе ви биде мошне тешко ако другите бидат наградени за нивната вредна работа, а вие сте заборавени. Сепак, финансиската ситуација нема да биде толку лоша колку што мислите. Во љубовта сте ставени пред големи искушенија. Се зависи од вашето однесување и ставот кој што ќе го имате кон нештата. Односите кои се обидувате да ги поправите лесно може да тргнат во спротивната насока, па затоа се препорачува да бидете многу трпеливи. Кога е здравјето во прашање самите сте си најголемиот непријател. Одмарајте се и мислите позитивно.

Лав

Годината започнува бурно и ви го носи сето она што отсекогаш сте го посакувале како унапредување, признанија, внимание...Доколку се решите да започнете нова работа или пак да подобрите кои стари односи ве очекува голем успех. Дури и да имате мали препреки во текот на годината ќе изнајдете начин како да ги надминете и да го добиете она што го посакувате. Внимавајте успесите на полето на работа и финансии да не ве одвлечат во погрешна насока да заборавите на емоциите и на луѓето што ве сакаат. Не е исклучена можноста врските да поминуваат низ неизвесен кризен период.

Не го прескокнувајте одморот само затоа што имате набиена друштвена агенда.

Девица

Во 2016-та важно е да не избрзувате со одлуките бидејќи лесно може да си создадете сериозни проблеми на финансиско поле. Секој документ проверувајте го два пати и посветувајте повеќе внимание на деталите поврзани со вашата работа. Кариерата бележи напредок во почетокот на месец март, но повторно не треба да брзате зошто може да ви се случи да испуштите некои можности.

Проблемите на интимно поле нема да се решат сами од себе. Ќе биде потребно време додека повторно се доведете во рамнотежа без разлика на тоа дали сте сингл или во врска. Што се однесува до здравјето немате потреба од грижи. Останете во форма, јадете здрава храна и се ќе биде во ред.

Вага

Лоша финансиска одлука ќе предизвика немир на работното место. Сепак, вашата способност за бавно и стабилно решавање на проблемите ќе ви помогне да се извлечете од ситуацијата. Доброто планирање ќе ви помогне во тоа.

Новата романса лесно може да се распламти во голема љубов сè додека ја контролирате својата посесивност. Ѕвездите велат дека без разлика на тоа кој пат ќе го изберете до крајот на годината ќе бидете во состојба на мир и хармонија.

Додека се обидувате да го избалансирате својот живот во текот на годината нема да имате посериозни здравствени проблеми. Не преземајте повеќе обврски од тоа што можете да поднесете.

Скорпија

Претстојната година ќе донесе баланс на сите полиња. Ќе бидете мошне успешни на деловно поле и ќе се стремите кон промени. Време е да ги преиспитате одлуките што сте ги донеселе до сега и храбро да тргнете во нов правец.

Важите за знак на кој никогаш не му недостига страст, но понекогаш тешко може да ги одржите пријателствата онака како што посакувате. Во 2016-та ќе имате можност да запознаете многу нови луѓе и да го зголемите својот круг на познаници. Искористете ги можностите кои се пред вас. Ако сте без партнер наскоро ќе запознаете некој посебен.

Можно е често да се чувствувате исцрпени поради зголемената активност. Не заборавајте да му посветите повеќе внимание на своето тело.

Стрелец

Годината ќе донесе најразлични подеми и падови. Наместо да се фокусирате само на парите обидете се да внесете задоволство во она што го работите. Во спротивно нема да можете да го контролирате своето незадоволство.

Оваа година мошне јасно ќе знаете на кого може да се потпрете, а кој е тука само на зборови, но не и на дела. Што е се однесува до љубовта лесно ќе можете да ја пронајдете на забавите кои ги организираат вашите пријатели.

Здравствената состојба ќе ви биде подобра во однос на 2015-та. Сепак, се препорачува поголема физичка активност и психички одмор.

Јарец

Луѓето ќе се прашуваат како успевате? Честопати ќе ви велат дека вашите идеи се невозможни и дека плановите ќе ви паднат во вода. Но, вие нема така лесно да се откажете од она што сте го замислиле. Единствено нешто на што треба да внимавате, е да не завршите како жртва на своите планови.

Емоциите ќе одат од една во друга крајност. Во еден момент ќе бидете смирени и мрзеливи, за да веќе во следниот се расправате со сите.

Не ги занемарувајте малите здравствени проблеми. Следете ги препораките од докторите и најдете време за одмор.

Водолија

Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но и покрај тоа ќе напредувате во кариерата. Кон крајот на пролетта е одличен период за започнување на нови проекти или со продолжување на оние кои веќе сте ги започнале.

Во љубовта имате потреба да му се посветите на некому, но во исто да ја задржите својата независност. Не плашете се да ги покажете своите емоции и да се ослободите од внатрешните стравови.

Колку сте посмирени на емотивно поле, толку повеќе тоа се одразува на вашето здравје.

Риби

Во почетокот на годината очекувајте зголемување на платата или подобрување на финансиската ситуација. Среќата е на ваша страна и се полека, но сигурно доаѓа на свое место. Бидете подготвени за напорна работа затоа што периодот на лесен успех без напор брзо ќе помине.

Ако имате проблеми во врската сега е вистинското време да откриете зошто е тоа така и да дознаете дали врската може да ги надмине препреките.

После сите убави нешта кои ќе ве следат во текот на 2016-та лесно може да претерате со храната и слатките задоволства. Не заборавајте да вежбата и да го одржите телото во форма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби