Најдобрите страни на секој хороскопски знак

Доста читавме лоши навики и лоши страни на хороскопските знаци. Време е да се осврнеме на добрите страни и што го прави посебен секој знак.



Овен – детски поглед кон светот

Припадниците на овој знак се истакнуваат по искрениот, детски и помалку наивен поглед кон светот. Така се во состојба да се радуваат на некои ситници како тоа да е најголемата работа на светот, а нивниот пристап е спонтан и директен како никогаш во животот да не се разочарале.

Бик – суптилно великодушни

Биковите шармираат токму поради тоа што се во состојба да направат многу убави работи за другите, а за тоа нема да бараат заслуги ниту да ја истакнуваат својата услуга. Може да бидат многу великодушни, а веќе при првите средби со нив јасно ќе ви биде дека тоа не е од корист, туку од нивната добродушност.

Близнаци – ќе се чувствувате посебно

Припадниците на овој знак се шармантни по многу работи, но она што дефинитивно зрачи од нивниот карактер е преданоста. Луѓето кои им се блиски може да имаат најголема поддршка токму од нив.

Рак – шармира со нежност и внимание



Раковите може да бидат многу незгодни и незаинтересирани кон они кои не им се допаѓаат, но повеќе од кој било друг астролошки знак ќе знаат кога и како да ја изразат својата нежност, внимание и љубов. Токму таа топла страна на нивната личност е она што ги прави најшармантни.

Лав – заразна позитивна енергија

Во добро расположение, припадниците на овој знак се најпосакуваното друштво кое човек може да го има. Освојуваат со насмевки, шеги, но најмногу со позитивен став, како и надежта која им ја внесуваат дури и во најголемите песимисти.

Девица – вистинска грижа за другите

Девиците се оние типови на луѓе кои вистински ги интересира што другите луѓе мислат, како нешто доживуваат или како се чувствуваат. Поради тоа им е многу лесно во разговорот да станат блиски со некој, а другите луѓе го ценат токму поради тоа.

Вага – чувство на стабилност

Припадниците на овој знак во меѓучовечките односи често се столб кој овозможува поддршка на другите. Колку и да е хаотична ситуацијата во нивниот живот, секогаш делуваат стабилно, мирно и самоуверено.

Скорпија – освојува со остроумност



Скорпиите може да бидат шармантни на многу различни начини, но повеќето луѓе ќе се согласат дека тие се истакнуваат со својата одлучна интуиција. Исклучително се итри, делуваат мудро, претпазливо и искусно.

Стрелец – борец за правда

Исклучителната особина на овој знак е преданоста и цврстиот став зад оние кои ги сакаат или им се драги личности. Дури и ако вчера сте се запознале со некој Стрелец, тој денес ќе биде на ваша страна и ќе ве брани пред оние кои ви нанеле неправда.

Јарец – освојува со загриженоста

Наспроти нивниот сериозен изглед, припадниците на овој знак веќе при првите реченици ќе откријат колку се грижат.

Водолија – забавува со хуморот

Ова се вистински шармери, а невозможно е да не ја забележите нивната способност дури и во најлошите ситуации да се шегуваат и да ги развеселуваат сите околу себе. Главниот темел на нивниот шарм е помалку чудна смисла за хумор.

Риби – шармираат со префинетост

Повеќе од кој било друг знак, Рибите се одликуваат со природна префинетост и спонтаност, па поради тоа во нивно друштво луѓето се чувствуваат многу пријатно. Основата на нивниот шарм ја прави опуштената атмосфера која ја создаваат со својата присутност, смирени изјави и лежерниот став.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби