Колку чини подготовката на актерките за црвениот тепих?

Сезоната на награди во Холивуд е во полн ек. Главниот град на филмката уметност веќе почна да ги наградува најдобрите во 7-та уметност, а тоа значи и дека ѕвездите треба да дефилираат на цревниот тепих. Актерите, актерките, режисерите, продуцентите во најновите колекции на славните диајнери излегуваат од лимузините и пристигнуваат на церемониите за доделување на самите награди.

Сите го гледаме конечниот производ на црвениот тепих. Тие кога ќе пристигнат таму веќе се облечени, нашминкани и „стокмени“. Но, колку чини самиот процес? Ангажирањето на стилисти, шминкери, накитот, облеката, чевлите.... за само едно појавување на црвениот тепих?



Американските медиуми пресметаа колку чини само едно појавување на актерките, а како пример го земаа појавувањето на Ејми Адамс на Златните глобуси.

Па, да започнеме

Фустан: $15.500-$20.000

Во просек фустанот од било која од славните модни куќи (Armani, Dior, Chanel…) чини од 15-20.000 долари, но ѕвездите ги добиваат за 0 долари. Модните куќи како и самите актерки живеат за тие настани, и причината поради која им ги даваат фустаните на актерките за без пари е затоа што тие се најдобриот маркетинг алат кој може да го имаат. Кога Ејми Адамс ќе продефилира на тепихот облечена во еден од тие фустани, таа ќе биде видена на социјални мрежи, модни блогови и телевизиските екрани за само неколку минути.

Милиони и милиони ќе ја видат во фустанот уште пред да влезе во самата сала каде што ќе се одржува церемонијата за доделување награди. Фустанот можеби вреди многу, но можноста да биде на Адамс и виден од речиси целата планета вреди мнооогу повеќе.

Коса: $6000

Фризурата е подеднакво важна за имиџот, а самиот стајлинг на фризурата е исто така скап процес во подготовката. Добриот и квалитетниот фризер чини од 3000 до 6000 долари.

Фризерот специјализиран за ѕвездите доаѓа на самата локација на тоа каде се наоѓа актерката. Дома, во хотел, а често актерките се познати и по тоа што испраќаат приватни автомобили па и авиони за да ги донесат и да им направат фризура за црвениот тепих.

Шминка: $5000

Како и фризурата, така и шминката е екстремно скапа, а денес во шминка не се смета само таа на лицето.

Вештачкиот тен кој го гледате на кожата на актерките исто така влегува во цената, а за добар шминкер славните се подготвени да платат и 5000 долари.

Накит: $30.000

Како и фустаните, ѕвездите и накитот го добиваат за без пари. Официјалниот термин за тоа е „изнајмување“, но тоа не го прават.

Не го изнајмуваат накитот, туку Bulgary, Tiffany & Co, Swarowski... им го даваат да го носат на црвениот тепих и церемонијата, а подоцна го враќаат. Често во нивната калузула стои и дека мора во секој момент околу актерките да има и вооружан бодигард кој ќе ги чува дијамантите. Не славните личности, туку дијамантите и останатите скапоцени камења кои ги носат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби