Генијални трикови кои ќе ви помогнат да ја зачувате зимската гардероба

Низ зимскиот период носиме повеќе облека, што значи дека постојат и поголеми проблеми поврзани со облеката. Но, носењето на хулахопки, џемпери, чизми и што ли уште не, не мора да значи дека е напорно. Од сега слободно носете ги омилените парчиња облека без да се плашите да не се оштетат, бидејќи ви нудиме генијални совети како да ги зачувате.

Превенирајте го кинењето на новите хулахопки со прскање на лак за коса.



Исто така, за да траат подолго, натопете ги со вода, ставете ги во пластична кеса и ставете ги во ладилник една ноќ. Следниот ден, оставете ги да се исушат и потоа можете да ги облечете. Но, ова направете го веднаш откако ќе ги купите.



Волнените топчињата на вашиот џемпер извадете ги со камен за пети.

 

Со чисто сунѓерче за нанесување на пудра, извадете ги влакненцата од маицата кои се насобрале од џемперот.



Омекнете го џемперот кој ве боцка со балсам за коса и бел оцет. Ставете го во леген со ладна вода 15 минути, во која сте ставиле неколку лажички оцет, а потоа нежно поминете го со балсам и оставете го во вода уште половина час. Исплакнете го со чиста вода и оставете го да се исуши.



Ставете го џемперот во пластична кеса во ладилник преку ноќ за да не се рашири.



Закачете го џемперот на следниот начин, за да не ја изгуби формата.



Не диплете ги кожните панталони, туку едноставно закачете ги.



Превртената кожа исчистете ја со поминување преку неа со четка за заби. Ќе изгледа како нова.



За да ги исчистите чевлите од антилоп, земете едно парче леб и поминете ги. Потоа само исчистете ги трошките леб.



Ако чевлите ви се влажни не ги ставајте директно пред греалката за да се исушат, туку прво поставете хартија, па потоа оставете ги да се исушат.



Кожните чизми исчистете ги со вода и оцет и дамките веднаш ќе исчезнат.



Ако почнуваат да ви мирисаат чевлите, ставете нови и суви кесички чај, попрскајте малку сода бикарбона или оцет за да се апсорбира мирисот.



И за крај, ако не сакате да смрзнете откако ќе ги облечете наутро панталоните, издувајте ги пет минути со фен. Voila!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби