Запознајте ја Каја Гербер. Таа е новата манекенска ѕвезда за која допрва ќе слушате.
14-годишното девојче е ќерка на славната супер-манекенка Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер, а по станувањето дел од модната агенција IMG Models минатата година, таа ја доби првата модна кампања.
Каја стана заштитно лице на модната компанија Chrome Hearts и веќе може да се погледнат и првите фотографии од фото-сесијата. Како изгледаше Каја за Chrome Hearts?