Дали ја препознавате злобата во луѓето?

Тешко е да се поверува дека некои луѓе покрај својот навидум невин изглед кријат лоша страна и се вистинско зло откако ќе ви се вовлечат под кожа.

Целта им е да ви наштетат, не затоа што ви завидуваат, туку затоа што им е душевна храна да прават сплетки и да повредуваат.

Дали знаете да ги препознаете?

1. Создаваат проблеми, расправии и сплетки онаму каде што нема потреба од тоа – овие луѓе имаат навика да ја извртуваат вистината, онака како што најмногу им одговара. Измислуваат приказни, ги задржуваат информациите за себе и ја избегнуваат одговорноста за своите постапки, секогаш префрлувајќи ја вината на некој друг.

2. Манипулираат со слаткоречивост – ако погледнете под површината на нивната маска, ќе откриете дека целиот живот им е илузија, која што ја одржуваат со низа лаги. Сакаат да бидат допадливи, па затоа ќе ви кажат сè што посакувате да чуете.

3. Сакаат да имаат контрола врз сите – сами ги создаваат правилата по кои што живеат и истите ги наметнуваат на другите луѓе. За нив моралот е релативна категорија што се приспособува во зависност од нивните потреби.

4. Играат на симпатиите на добрите луѓе – бараат емпатија и сочувствување од луѓето, но воопшто не размислуваат на своите постапки и за болката што ја предизвикуваат кога им нанесуваат штета на оние околу себе.

5. Немаат совест и не покажуваат каење – не ја контролираат својата злоба, туку сосема напротив уживаат во неа. Зад фасадата на добронамерност вешто го остваруваат она што го наумиле. Кога некој ќе посочи дека прават сплетки, се оправдуваат велејќи дека околината прва ги нападнала, а тие само се бранат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби