УШТЕ ГО САКАТЕ?

Како до втора шанса со старата љубов?

Враќањето кај поранешното момче не секогаш е добра опција. Сетете се на нештата поради кои сте ја прекинале врската. Дали вреди да се обидете уште еднаш? Ако сте сигурни дека треба да си дадете втора шанса, тогаш време е да направите нешто во врска со тоа и конечно да знаете на што сте.

Дадете му време

Сите сакаат тука и сега, но некои нешта не функционираат така. Не му вршете притисок и оставете го определен период да размисли што навистина сака. На овој начин и двајцата ќе имате време да ги смирите страстите и објективно да ја анализирате врската. Дозволете да сфати дека му недостигате.

Работете на себе

Без разлика кој и што било причината за раскинување на врската, не престанувајте да работите на себе и да се трудите да ги поправите сите нешта кои не ги сакате. Наместо да седите и да размислувате за она што се случило, започнете да размислувате на себе и она што ќе ве направи среќни.

Дали навистина ви е потребен?

Дали сакате да му се вратите на бившиот затоа што тој е тој или пак затоа што мислите дека никогаш повеќе нема да најдете човек кој што ќе ве сака? Не донесувајте важни одлуки кога сте вознемирени, силните емоции не се добар советник. Смирете се, па размислете одново што сакате.

Преземете иницијатива

Кога внимателно сте ги разгледале сите опции и сте сигурни дека сакате уште еднаш да се обидете, време е да преземете иницијатива. Првиот чекор секогаш е најтежок, но ќе ви донесе големо олеснување. Бидете искрени и отворено кажете му како се чувствувате и што сакате од врската.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби