Женските усни лесно може да се претворат во платно за сликање, се додека имате инспирација и вистински четкички за цртање.
Шминкерката Андреа Рид, веќе одамна излезе од својата комфорна зона, па сега ги шминка усните на начин на кој ќе ви го одземе здивот.
Дизајните на оваа Канаѓанка воодушевуваат со својата комплексност и впечатливост, но ако сакате да ги направите во комфорот на својот дом, најпрвин ќе треба да се вооружите со цела палета на кармини и неколку тенки четкички.
Се разбира тука не смееме да ја заборавиме прецизната рака и трпението кое што е потребно за да се изведе еден ваков дизајн.