Убава кожа со режимот за нега 5:2

Жените кои сакаат да имаат убава и витка линија,  сè почесто успеваат во тоа благодарение на 5:2 диетата.

Станува збор за режим на исхрана каде пет дена во неделата можете да јадете сè што ќе посакате, додека преостанатите два дена постите.

Истиот тренд на сооднос, станува сè поактуелен и во негата на кожата на лицето. Па, така водејќи се по правило на диетата, 5:2 во негата на лицето значи дека два дена во неделата не треба да нанесувате никаква шминка на своето лице.

Тоа може да биде вистински предизвик за многу жени бидејќи повеќето од нив се навикнати да не излегуваат од дома без да нанесат барем еден слој пудра.

Според истражувањата 65 проценти од дамите се шминкаат секој ден, додека само 25 проценти од нив само еднаш неделно се појавуваат некаде без шминка. Токму затоа дерматолозите веруваат дека 5:2 диетата за кожа преставува одлична формула за тоа како вашето лице да изгледа поздраво и поубаво.

-Секогаш им велам на моите пациенти дека здравата кожа започнува под основата што ја нанесуваат. Преголемото користење на шминка без потребните паузи може да го забрза процесот на стареење така што ги оштетува еластинот и колагенот, што пак резултира со брчки и старечки изглед на кожата, вели доктор Есхо, основач на Le Beau Ideal.

Предноста на 5:2 режимот е во тоа што не се потребни скапи креми за одржување на кожата или пак специјална исхрана. Единствено што треба да направите е да се воздржите од користењето на премногу шминка и да и дозволите на кожата да дише, редовно да ја чистите и се разбира во никој случај да не си легнувате со шминка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби