Што кажува десктопот за вас?

Доколку некој го погледне екранот, односно вашиот десктоп на компјутерот каде што работите, може да дознае многу работи за вас. Позадината и распоредот на икони може да ви ги откријат амбициите и желбите. Психолозите сметаат дека десктопот може да открие дали сте активни како личност или чекате нешто да се случи, па да делувате.



Работниците кои ја персонализираат работната површина на својот компјутер откриваат многу. На пример, ако имате премногу икони на десктопот, се сметате за неорганизирана личност и несигурни во себе. Луѓето кои на работната површина имаат фотографија која потсетува на нивниот претходен успех, открива егоцентрична страна, сметаат психолозите.

Ист број на икони од двете страни, покажува дека личноста цени рамнотежа и пропорции, а во напнати ситуации знае да не избувнува. Сака да биде организирана и не сака неред.

Само основно редење на икони, значи дека личноста има сè во свои раце, сака чувство на контрола, но од друга страна е малку неорганизирана.



Исто така позадината е важен фактор.

Оние кои поставиле уметничка слика, себеси се сметаат за креативни умови.

Оние кои имаат некој цитат, со тоа откриваат животно мото.

Ако имате фотографија од некои личности, со тоа покажувате дека тие се вашата сила и потпора во животот.

Ако имате некоја фотографија од природата, тогаш сте ја поставиле за да ги одморите очите од работата.



Се пронајдовте?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби