Седум едноставни пролетни идеи за убав изглед

Понекогаш и оние кои секојдневно знаат што да облечат, како да се нашминкаат и како да ја средат косата, може да доживеат блокада и да немаат идеја како да излезат од дома. Но, затоа постојат различни водичи, кои може да ви посочат како да се нашминкате и како да ја стилизирате косата на брз и едноставен начин. Погледнете како да се средите секој ден од седмицата и да не изгледате секогаш исто. Ви предлагаме по еден make up или вид на фризура, а вие секако може да ги менувате и комбинирате според вашите потреби.

1. Понеделник – класика = црн ајлајнер и црвени усни

Потрошете пет минути повеќе за нанесување на шминката и никој нема да забележи дека изгледате поспано првиот работен ден или дека не сте имале доволно време да ја измиете косата. Малку пудер, црвен кармин и извлечени линии со црн алајнер секого ќе натера да размислува за тоа колку време сте потрошиле за нанесување на шминката.

2. Вторник – детаљ во косата

 

Користете поголема елипсовидна шнола со чија помош ќе соберете два прамена од лево и десно и ќе ги зацврстите над ушите наназад кон темето. Најдобар дел од сето ова е дека може да изгледате одлично со природната текстура на вашата косата, додека прстенестата шнола наместо традиционалната е добра алтернатива за косата да изгледа лежерно, а сепак прибрано.

3. Среда – вовлечена коса

Пролетта е период од годината  кога опуштено ги поминувате деновите во џемпер или тенка блуза. Искористете ги предностите на променливото време. Вовлечете ја косата во ролката или јаката и ќе добиете ефект на Боб фризура. Друга предност е тоа што на овој начин лесно можете да ги скриете испуканите краеви од косата.

4. Четврток - длабок патец на средина или од страна 

Иако косата со длабок патец не сте ја носеле уште од средното училиште, дадете и повторно шанса на оваа фризура. Длабок патец од страна многу добро им стои на сите, а косата ќе изгледа уредно. Доколку ставите шампон за суво миење на коренот, косата ќе биде бујна, а малку неуредниот изглед нема да пречи.

5. Петок - црвени мат усни

Црвениот мат кармин е одличен избор за посветол изглед на лицето во петок, како во текот на денот така и во вечерните часови. Одлично оди со сè, па вие не мора да се грижите за комбинирање на облеката со овој кармин. Предлагаме течен кармин за усните кој трае подолго.

6. Сабота - природно, но сепак нагласено

За саботата вечер, малку нагласена верзија на природниот денски изглед е секогаш полн погодок, бидејќи ќе знаете како ќе изгледате и после неколку часа. Како што можете да видите на сликата, Оливија Палермо изгледа доста опуштено, без многу шминка, но сепак гламурозно.

7. Недела – фатена коса наназад

Ова е совршена фризура за в недела, бидејќи лесно се прави. Доволно е да имате една шнола за да ја соберете косата и да ја направите оваа фризура. Ќе ви треба помалку од една минута.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби