ФОТО: МЕТ бал на модни промашувања

За миг да заборавиме на гламурот кој што го очекуваме на црвениот тепих и да го погледнеме она што реално ни беше понудено на годинешниот МЕТ бал, што традиционално се одржува во Њујорк.

Екстравагантни модели, многу голотија, латекс, металик фустани и недостаток од добар вкус.

Токму кога ќе помислиме дека Каније Вест и Ким Кардашијан го достигнале врвот на своето модно лудило, ете ти изненадување.

Таа се појави во металик фустан од колекцијата на Balmain, додека нејзиниот сопруг продефилира на црвениот тепих во скинати фармерки, јакна со многу детали и зелени леќи.

Едно од најголемите модни разочарувања на вечерта е Мадона (57). 

Поп кралицата сака да шокира, но нејзиниот избор за оваа гала вечер беше тотално промашување, кое предизвика лавина од негативни коментари.

Барајќи ги светлите точки на вечерта, вреди да се спомене креацијата на Клер Дејнс, која беше како принцеза од бајка во својот гламурозен балски фустан што во темнина блеска во најразлични бои.

Позитивен моден впечаток оставија и бремените Блејк Лајви, Оливија Вајлд и Емили Блант кои не експериментираа со стилот, па можевме да ги видиме во едноставни, но ефективни креации.

Емили Ратајковски и Рози Хантингтон Вајтли кои покажаа нога во своите фустани со висок шлиц, додека најактуелната жена во моментот, Бијонсе Ноулс ги стегна своите раскошни облини во латекс.

Многу од ѕвездите кои се појавија на црвениот тепих безуспешно се обидоа да излезат од својата комфорна зона. Несомнено најдобро поминаа оние кои не се трудеа премногу да импресионираат, туку едноставно да се чувстуваат пријатно во она што го носат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби