Дали партнерот ве врти околу малиот прст?

Манипулативните луѓе ги извртуваат вашите мисли, дела и желби во нешта кои подобро им одговараат на нивните потреби и желби.

Најлошиот тип на манипулација несомнено е оној кога сте во врска или во брак со некој кој постојано се обидува да ве врти околу малиот прст.

Понекогаш сме толку подложни на влијанието на партнерот што не забележуваме дека нешто не е во ред со нашата врска.

На што треба да внимавате за да не паднете во ваква замка?

1.Чувство на вина

Манипулацијата секогаш започнува со создавање на чувство на вина. Ако партнерот може лесно да ве убеди да се чувствувате виновни за нешто што сте го направиле (иако тоа не е ништо лошо) тогаш тој е подготвен да ве манипулира и за други поголеми и поважни работи.

2. Се сомневате во себе

Манипулаторот ја користи вашата несигурност и ја насочува против вас. Константно ги истакнуваат вашите слабости за да ви создаде илузија дека без негова помош не можете да функционирате. Благодарение на овие манипулации ве доведува до стадиум да почнете да се сомневате во себе.

3.Ве прават одговорни за нивните негативни емоции

Секогаш кога се тажни, нерасположени или пак во било која друга смисла негативни, ве убедуваат дека вие сте причината за тоа. Велат дека доколку го смените своето однесување и тие ќе се чувствуваат подобро. Сепак, вистината е дека нивното добро расположение ќе трае до првата следна прилика кога нема да се однесувате како што тие сакаат да се однесувате.

4.Ве убедуваат дека имате исти потреби и желби

Во секоја врска има потреба од најразлични компромиси и тука нема ништо необично. Проблемот настанува кога партнерот започнува да ве убедува дека сè она што го сака тој, треба да го сакате и вие. Од еднаш се наоѓате во ситуација кога ништо од она што реално го сакате, не го добивате и сте приморани да живете живот кој ви е наметнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби