Решете се од плускавците на стапалата со помош на овие трикови

Почнува сезоната на отворени чевли и сандали, штикли и патики кои најчесто се носат со кратки и тенки чорапи кои баш и не нè штитат од рабовите на обувките. Со цел потполно да го избегнете овој проблем, најважно е да имате удобни обувки кои одговараат на обликот на вашето стапало, како и соодветни чорапи кои ќе ве штитат.



Немојте да ги носите новите обувки цел ден и секој ден, туку само по неколку часа дневно. На тој начин нема да ги изложите своите стапала на неудобност преку целиот ден и ќе бидат изложени на помал ризик од создавање на пликови. Освен удобни обувки и добри чорапи, штом забележите дека на некој дел од стапалото постои можност за создавање на плик, ставете тенок завој или фластер со цел да имате поголема заштита, односно да го намалите триењето кое ќе го предизвика појавувањето на плускавица. Спортистите наместо фластер, користат самолепливи ленти од кутијата за прва помош.

Ако се појави плускавица, најдобро е да избегнувате каков било контакт – особено пред да си ги измиете рацете, затоа што отворените повреди може многу лесно да се инфицираат и така може да ја влошите целата ситуација.

Ако сакате самите да „ја оперирате“ плускавицата – следете ги овие совети:

  • Исчистете го плускавецот со вода и сапун, а потоа и со алкохол или какво било дезинфекциско средство.
  • Дезинфицирајте игла со алкохол и чиста крпа
  • Со иглата направете неколку убоди на плускавицата, а течноста која ќе излезе исчистете ја со чиста крпа или газа
  • Намачкајте антибиотска маст и ставете газа преку плускавицата и на крај осигурајте со фластер.
  • Почекајте неколку дена, извадете ја мртвата кожа со стерилна пинцета
  • Намачкајте повторно со антибиотска маст и ставајте завој се додека плускавицата не помине.

Освен со оваа постапка, плускавицата може да ја лекувате и со чаеви, особено со зелен чај и камилица. На кој начин?

- Зелениот чај има против воспалителни својства кои ќе помогнат при побрзо заздравување. Зовријте три вреќички зелен чај и додајте 1 лажица, односно 5гр сода бикарбонат. Оставете чајот да олади, а потоа во него потопете го стапалото или само плускавицата со помош на газа.

- На ист начин, но без сода бикарбонат, може да користите и чај од камилица.

- Потрудете се да најдете алое вера и со неа да ги мачкате плуските.

- Потрудете се да консумирате што повеќе храна богата со витамин Е, со цел побрзо да заздрави раната.

Сепак, најдобро е ако не мора да не го допирате плускавецот, затоа што може многу лесно да се инфицира. Одржувајте ја раната чиста и потрудете се секогаш да е изложена на воздух. Ако пукне сама од себе, не ја тргајте мртвата кожичка, затоа што таа служи како природен фластер дур не зарасне раната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби