Не ви се пријатели оние кои сметате дека ви се

Една нова студија предводена од истражувачите од универзитетот во Тел Авив и Институтот за технологија во Масачусетс, ќе ве натера да се запрашате за тоа кои ви се навистина пријатели. Половина од оние кои сметаме дека ни се пријатели, истото не го мислат за нас. Резултатите покажуваат дека можеби лошо ги препознаваме оние пријатели од најблискиот круг.



Истражувачите спровеле испитување врз 84 студенти и ги замолиле секој еден да го оценат на скала од 0 (не се познаваме) до 5 (најдобар пријател), а потоа требало да погодат и нив како ги оцениле другите. Резултатите покажале дека 94% од студентите мислеле дека сосема се во право за тоа кои се нивни вистински пријатели, но всушност во право биле само 53%.

- Ако мислиш дека некој ти е пријател, очекуваш и тој исто да се чувствува во врска со тебе. Но, тоа не е случај, објаснува предводникот на истражувањето, Ерез Шмуели.

И додека истражувањето помеѓу студентите опфатило мал број на пријателства, истражувачите ги споредиле нивните резултати со шест веќе направени анкети за пријателството, кои покажуваат слични резултати. Во целост, највисоката стапка за заемно пријателство било 52%, додека најниската околу 34%.



- Овие наоди покажуваат дека луѓето имаат погрешна проценка за тоа кои им се вистински пријатели. Сепак, нивните взаемни пријателства исто така може да влијаат врз социјалниот притисок и однесување, додава тој.

Оваа студија ќе им ги отвори очите на сите оние кои сметаат дека имаат пријатели, а всушност не е сосема така. Следен пат размислете, дали и вашиот пријател ќе го направи истото она кое вие би го направиле за него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби