Зафатените мажи најпривлечни за жените

Какви мажи сакаат жените? Одговорот е зафатени. И тоа токму поради фактот дека ако друга жена веќе го одбрала значи дека „вреди“. Оженетите мажи пак паѓаат на слободни девојки.

Студиите покажуваат дека зафатениот маж има поголем углед и е попривлечен за слободните жени затоа што жените се потпираат на тоа што мислат другите жени, односно од нив примаат информации колку еден маж е квалитетен за партнер. Доколку мажот е добар како сопруг на една жена, би требало да биде добар и за мене. Освен тоа брачниот статус зборува и за машката подготвеност за обврска. Експертите го нарекуваат феномен на привлечност на зафатените мажи.

Истражувајќи ја половата привлечност, психологот Ентони Литл дошол до заклучок дека жените ги доживуваат мажите привлечно кога ќе ги забележат во друштво на други жени. За време на студијата на женските испитанички им биле покажувани слики од мажи од кои за едните им било кажано дека се зафатени, а за другите слободни. Жените покажале поголем интерес за оние кои се зафатени, отколку за другите. Оние жени кои биле зафатени, покажале сосема спротивно однесување. На нив попривлечни им се мажи кои се слободни.

Шеесет и два проценти од мажите завеле туѓ партнер за да имаат  краткотрајна афера додека истото го направиле 40 проценти од жените. Според податоците од студијата заведувањето на туѓи партнери не познава географски граници и јазици. Распространето е во сите земји , но нешто помалку во Источна Азија. Еволуциски гледано жените исто како и мажите се склони на неверство и промискуитет од време на време.

Интересно е да се забележи дека мажите се привлечени од жени кои најголемиот дел од своето време го поминуваат со други жени, а не со мажи. Исто така им се попривлечни ако стојат покрај помалку привлечни пријателки и се посредени од нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби