6 природни начини за бојадисување на косата

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажува дека жените во текот на животот ја менуваат бојата на косата околу 150 пати.

Денес дури 65 проценти од дамите ја бојадисуваат косата. Сепак, кога правиме најразлични промени во однос на бојата забораваме дека боите за коса не ретко содржат состојки кои ја уништуваат нашата коса.

За оние кои сакаат да испробаат нешто ново и далеку поздраво, препорачуваме 6 здрави алтернативи.

Кафе 

Кафето е сјајно ако сакате да ја затемните косата, да ги прекриете седите влакна и да додаде нови тонови на вашата костенлива коса. Сварете една шолја кафе, оставете ја да се излади, па потоа измешајте ја со малку регенератор и 2 лажици кафе во зрно. Нанесете на чиста коса, оставете да отстои еден час и измијте.

Чај

Исто како кафето и чајот може да го употребите за потемнување. Ако косата ви е светла користете чај од камилица. Прво направете висококонцентиран чај со 3 до 5 кесички во 2 шолји вода. Оставете да се излади, додадете регенератор и нанесете го на косата. Најдобро е да оставите косата да се исуши на сонце. Потоа измијте се.

Билки

За црвена коса – невен или хибискус се одлични за освежување на црвените прамени. Колку повеќе ги користите толку повеќе бојата на косата ќе биде поинтензивна.

За црна и кафена – рузмарин, коприва и жалфија го враќаат сјајот на темната коса. Едноставно пригответе чај и оставете го да делува на косата.

За русокоси – камилица, невен, шафран и латици од сончоглед се идеалниот избор за светлата коса.

Сок од цвекло и моркови

И двата сока даваат црвеникав сјај на вашата природна нијанса. Нанесете една чаша сок на својата коса. Во него може да додадете и кокосово масло. Косата завиткајте ја во фолија или пластична кеса и оставете да делува еден час. Измијте ја косата и потоа напрскајте ја со јаболков оцет за бојата подолго да ви трае.

Сок од лимон

Ако сакате неколку светли прамени во косата исцедете лимон и испрскајте ја косата. Оставете неколку часа или исушете ја на сонце. Доколку имате руса коса во лимоновиот сок додадете и чај од камилица.

Лушпи од лешник

За да ја задржите својата природно костенлива коса така што ќе издробите лушпи од лешник и ќе ги варите половина час. Оваа течност оставете да се излади, па нанесете ја на косата. Оставете да дејствува еден час, по што ќе ја измиете косата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби