Дали несвесно ја уништуваме својата врска?

Понекогаш правиме нешта кои полека, но сигурно го разнишуваат односот што го имаме со партнерот односно партнерката. Тешко е да признаеме дека самите сме придонеле да дојде до тоа бидејќи овие „грешки“ најчесто ни се случуваат несвесно.

Се фокусираме на негативното – секогаш кога тој или таа ќе направат 99 правилни нешта, ние се фаќаме за онаа една работа која што не ни се допаѓа.

Влегуваме во рутина – забораваме дека заедничкиот живот може да биде забавен и започнуваме да се задоволуваме со рутински нешта. А тоа со текот на времето станува мошне здодевно.

Не вложуваме во нови нешта – ако сме во врска не значи дека не смееме да имаме ново хоби, нови пријатели и слично. Нештата кои ги правиме надвор од врската ни помагаат подобро да се спознаеме себе си, а со тоа и што сакаме од нашата врска.

И се препуштаме на несигурноста – постојано мислиме дека нешто не е во ред и дека нештата ќе тргнат во погрешна насока.

Не зборуваме за сексот – компатибилноста во спалната соба е мошне важна за една врска, па кога премолчуваме нешта кои не ни се допаѓаат не му правиме услуга на нашиот однос.

Не се интересираме за туѓите страсти- забораваме на тоа дека и нашиот партнер или партнерка имаат најразлични страсти, кои можеби не ги сакаме, но  вреди да ги испочитуваме.

Не го цениме партнерот – кога не го цениме оној со кого сме во врска постепено создаваме чувство на незадоволство.

Не сакаме промени – времето менува сè, па доколку не се прилагодиме на промените ризикуваме да загубиме многу нешта.

Имаме погрешни приоритети – секогаш го ставаме партнерот односно партнерката на споредно место кога станува збор за другите луѓе во нашиот живот.

Инволвираме премногу личности – сите пријатели знаат дека нешто не е во ред со нашата врска, освен нашиот партнер

Премногу брзаме – ја гледаме врската каква што може да биде, а не каква што е, за потоа да завршиме со разочарување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби