Два хороскопски знаци ги очекуваат вистински промени

Овните и Лавовите за време на летниот период ги очекуваат возбудливи акции и прилики.



Овен

Летните месеци целосно ви се наклонети, само во текот на јуни ќе бидете помирни и позабавени, но ситуацијата ќе се менува во првите денови во јули. Оние кои се зафатени по 15 јули ќе добијат некоја понуда на љубовен или работен план, која тешко ќе може да ја одбијат. Идеално време за одмор е почетокот на август, кога со полн елан ќе сакате недела или две целосно да се посветите на вашите драги луѓе.

Бик

Летото е време кога треба да излезете од комфорната зона. Сакате нова работа, нова љубов или каква било промена? Сега дојде време да излезете и да направите голем чекор, кој и тоа како ќе влијае на вашата иднина. Првата недела во јули е идеално време за одмор за да ги наполните батериите за возбудливо лето. Една Водолија веќе подолго време ве посакува, па можеби август е добро време конечно да се препуштите во авантура.

Близнаци

Иако јуни е ваш месец, за време на овој период ништо битно нема да завршите. Поточно, летото ќе ви биде исклучиво за одмор, релаксација и собирање енергија за почеток на есента кога ве очекуваат важни одлуки и проекти! Кога се работи за љубов, август ви е наклонет, особено ако сте слободни. Идеален спој би ви бил Лав, а во текот на август може да имате убави заеднички моменти.

Рак

Летото пред вас е идеален период да се помирите со минатото и сегашноста. Почнете од половината на јуни полека да го средувате вашиот живот. Затворете им ја вратата на негативните луѓе и овозможете и прилика на личноста која веќе подолго време ја покажува својата наклоност кон вас. Станува збор за некој Близнак или Скорпија. Во август не ја пропуштајте бизнис понудата која може ќе ви ја отвори вратата за во странство.

Лав

Лавови, знаеме дека сте посебни и дека летните месеци се создадени за вас. Сјаете во скоро секоја ситуација, но пробајте ова лето да го поделите тоа место и со луѓето околу вас. Ако е некако можно, потрудете се да одолеете на искушенијата и да бидете верни на вашиот партнер (ако спаѓате во зафатените). Слободните ќе имаат толку многу прилики што ќе им биде тешко да се одлучат за една. Втората половина на август ќе биде идеално време за одмор, кога негде на страна ќе го сумирате целото лето.

Девица

Време е да закочете и да се опуштите бидејќи не мора секогаш да бидете совршени, особено не овој јуни. Јули и август ќе ви бидат многу понаклонети, па сите важни одлуки сочувајте ги за тој период. Една Вага не ви дава мир, а вие ќе бидете во искушение по 15 јули да се запрашате дали е таа тука со причина.



Вага

Јуни е вистинското време да се позабавувате со својот љубовен живот. Ако веќе подолго време сте сами, опуштете се и пружете и прилика на личноста која во повеќе наврати ви покажала искрени чувства. За време на јули можни се караници со партнерот или повик од минатото кој ќе внесе немир во вашата дотогаш мирна врска.

Скорпија

Време е да научите по нешто од Близнаците и нивната енергија, особено ова лето. Немојте да се затворате во себе, дружете се и размислете конечно да кажете ДА на личноста која подолго време ви покажува чувства. Јули е вистински месец да ставете точка на некои поранешни партнери, но и на работата која не ги задоволува вашите потреби. Не плашете се ова лето да направите радикални промени во својот живот, бидејќи целосно ја имате поддршката од ѕвездите.

Стрелец

Вие со душа чекате да излезе на виделина вашата дива природа! Иако јуни ќе ви делува мирно и досадно, веќе во првата половина на јули ситуацијата ќе се смени и нема да може да ја изберете најдобрата понуда. Личност во знакот Бик отворено ви ги покажува своите намери, а ако бидете во контакт до почетокот на јули, можеби односот ќе се развие во нешто повеќе. Почекајте до крајот на август за да ја изберете дестинацијата за одмор.

Јарец

На ваша среќа во јуни сè се врти околу задоволството и игрите. Нема да може да ги надвладеете вашите љубовни желби и ќе бидете во дилема која да ја изберете. Водете сметка на некој да не му ги повредите чувствата! Јули е резервиран за одмор и донесување важни планови за иднината. Ако веќе подолго време планирате заминување во странство, не чекајте ја есента, уште од крај на август тргнете во акција!

Водолија

Зафатените припадници овој јули ќе уживаат со својата сакана личност и дефинитивно ќе размислуваат за заеднички живот или проширување на фамилијата. Не дозволувајте вашите планови и идила да ви ги наруши некој од минатото со кој уште не сте завршиле. Идеален период за одмарање е почетокот на септември, кога ќе ги завршите сите работни обврски кои ќе ги имате во текот на цело лето.

Риби

Малку сте отсутни во последно време. Не се грижете за тоа, бидејќи при крајот на јуни ќе ви се појават работни аспекти. Во јули ќе биде време да испланирате бегање, па до тогаш прегледајте ги сите дестинации и резервирајте одмор. Не мора да биде далеку или екстравагантно, само да ви биде добро. Можна е фатална средба баш за време на одморот со еден огнен знак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби