СТАПАЛАТА СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА?!

Откријте повеќе за себе од обликот на стапалата и должината на прстите

Кинезите одамна зборуваат дека стапалата се огледало на душата и дека по нивниот облик може многу да се дознае за личноста. Токму затоа ви ги прикажуваме нивните толкувања, а вие самите одлучете колку се вистинити.



Палец

Ако е подолг од останатите прсти на стапалото, открива дека се работи за паметен и креативен човек, полн со нови идеи. Човекот кој има таков палец нема да ги остава проблемите да растат, туку ќе се потруди да ги реши на сите можни начини. Мана им е тоа што тешко се сконцентрираат на една работа па понекогаш ако нешто започнат може да не го завршат.

Ако е еднаква должина како и останатите прсти, тоа покажува дека личноста е способна да работи повеќе работи истовремено, одлична е за организирање и е добар шеф бидејќи знае добро да води тим. Човек со таков палец го краси шарм, кој често го употребува.

Втор прст

Ако е подолг од останатите се верува дека човекот е голем водич. Колку подолг прст – толку подобар водич. Се работи за личност која не може долго да седи на едно место, динамична, снаодлива и секогаш ќе се потруди работите да завршат на најдобар можен начин. За жените со подолг прст се верува дека се склони да им наредуваат на своите мажи.

Пократок прст од останатите покажува мирен човек, кој најпрво ќе го набљудува проблемот од сите страни, а потоа ќе одлучи како ќе го реши. Овој човек го цени животот во хармонични односи, а не сака да е во друштво на луѓе кои ги газат другите за да дојдат до посакуваната цел.

Среден прст

Ако е подолг тоа значи дека човекот е многу енергичен и вреден, а колку е подолг прстот, толку се поголеми шансите за успех во кариерата. Мана им е што понекогаш може да ја занемарат фамилијата и пријателите поради желба за да успеат во работата.

Ако е пократок тоа покажува дека на човекот му се поважни ситните работи, фамилијата и пријателите. Работата не ја сметаат за толку важна, па за неа да занемарат сè останато. Тоа дури и го сметаат за неразумно бидејќи животот брзо тече.



Претпоследен прст

Ако е подолг и рамен, тогаш се работи за човек на кој семејството му е на прво место во животот. Многу е безгрижен и чувствителен кога нешто не е во ред со меѓучовечките односи. Проблемите длабоко допираат до овој човек и неретко се труди да ја направи ситуацијата подобра.

Долг прст, но малку закривен значи дека овој човек е несреќен во животот, односно има лоши односи со блиските. Тогаш би требало да се опушти и да не доживува сè толку интензивно – треба да размисли за тоа дека невозможно е на секој да му се помогне.

Ако прстот е краток, тогаш станува збор за индивидуа која верува дека и самата е заслужна и одговорна за сè што и се случува во животот.

Мал прст

Ако малиот прст е многу краток тоа открива нестабилен човек кој сака да се забавува. Многу е интелигентен и дружељубив, но брзо губи интерес за нешто, односно почнува да се досадува.

Ако може некој да го помрднува малиот прст без да го помрднува и претпоследниот тоа значи дека е темпераментен, шармантен и љубопитен. Токму мажите кои тоа го можат се најпосакувани за кратки врски, бидејќи се полни со страсти, но не се добри за брак.

Правилно подредени прсти

Прстите кои се подредени на тој начин да создаваат една коса линија, обично ги имаат луѓето кои се прецизни, точни и практични. Мана им е тоа што понекогаш знаат да ситничарат, затоа што очекуваат сите да бидат перфекционисти како нив.

Ширина на стапалата

Оние луѓе кои имаат широки стапала значи дека не можат да бидат мирни долго време и сакаат постојано да бидат во движење. Според Кинезите, тоа се луѓе кои цврсто стојат на земја и најсреќни се додека нешто работат.

Луѓето пак со тенки стапала се желни за нежности и внимание и сакаат да се чувствуваат пријатно. Својот дом го уредуваат на тој начин што секој детаљ им овозможува задоволство, ги опушта или едноставно ги расположува. Многу е шармантен и често го користи тоа за да го направи тоа што тој го посакува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби