КОЈ Е ВАШИОТ СТИЛ?

Човекот се познава по одењето

Колку и да се обидуваме да ги измнипулираме луѓето со нашите зборови и дела, понекогаш говорот на телото е поочигледен доказ за нашето вистинско јас од било што друго.

Еден од начините на кои што луѓето може да нè прочитаат, е нашето одење. Пети Вуд, инаку стручњак за говор на тело, нуди интересна типологија на движење, во која се издвојуваат четири типови на одење. Повеќето луѓе комбинираат два типа на одење, со тоа што еден од нив секогаш е доминантен.



Возач – чекорот е брз, телото е благо наведнато, насоката праволиниска, а раката најчесто е резервирана за телефонот. Пречките на патот ги заобиколува на најдиректниот начин дури кога тоа значи дека треба да ги турне. Овој тип на одење укажува на логична, продуктивна и интелигентна личност која е натпреварувачки настроена. Луѓето и се восхитуваат, но не ретко мислат дека е ладна.

Моќен – градите се исправени, рамената се поставени наназад, главата е високо поставена, став што укажува на влијателна личност. Оди брзо, но за разлика од претходниот тип се смее и застанува да се поздрави со познаниците. Вака оставаат впечаток на харизматична личност, но понекогаш толку многу сакаат да бидат во центарот на вниманието што се премногу напорни.

Придружник – телото е исправено, брзината е умерена, а самото одење самоуверено. Се разбира со луѓето со поглед и повеќе е заинтересиран за самите личности со кои е опкружен, отколку со задачите кои треба да ги завршат. Сака да го почитуваат, но е премногу скромен за да го признае тоа. Можно е да има проблеми со концентрацијата. Понекогаш остава впечаток на човек кој лесно може да се манипулира и со тоа станува мета на луѓе кои сакаат да го искористат.

Несигурен – оди на врвот од прстите, бавно и внимателно, со поглед спуштен надолу и раце залепени до телото. Изгледа како да го истражува теренот. Не комуницира премногу со околината, освен ако не мора. Интровертна и љубезна личност, која често не може да ги изрази желбите и потребите, но очекува другите луѓе да и ги исполнат очекувањата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби