Како да се справите со проблемите на работното место?

Колку би било убаво да цветаат рози на работното место и сите да се среќни и задоволни од својата работа...Реалноста сепак е малку поинаква.

Често се соочуваме со ситуации што лесно може да нè извадат од такт и да ни го уништат денот. Некогаш станува збор за голем обем на работа, а друг пат за конкретни личности кои знаат како да ни го уништат расположението.

Премногу работа, а малку време

Ова најчесто се случува за време на летниот одмор, но и за време на големите проекти. Веќе имате работа преку глава, кога во 5 за 12 вашиот претпоставен ви додава уште неколку задачи на листата. И погодете што? Сè треба да се заврши до крајот на денот! Почуваа да ве фаќа паника, а тоа пак води кон правење грешки.

Како да постапите? Најпрвин покажете смирен и одговорен став. Потоа прашајте го претпоставениот кои задачи се приоритет, за најдобро што можете да го организирате времето.



Не ја добивте задачата која ја сакавте

Многу сакавте да работите на проектот, но во последен момент ви избега од раце? И тоа се случува. Останете професионалец и без лутење дури и кога вредно сте работеле за тоа и сметате дека сте обесправени. Закажете состанок со вашиот претпоставен на кој ќе му ги кажете своите идеи и планови како може да ја подобрите работата и ќе му дадете на знаење дека доколку на вашиот колега/колешка им треба помош со проектот тука сте да дадете поддршка.

Вие работите, друг добива поени

Една од најчестите и најлошите ситуации. Некој од колегите или самиот претпоставен ја користи вашата работа за да добие поени на своја сметка. Доколку се најдете во ваква ситуација најважното нешто, што треба да го направите е да не се повлекувате. Во никој случај! Тоа е ваша работа и како таква мора да ја одбраните. Но, не да се расправате и да викате, туку суптилно да посочите што сте работеле вие, а што другата личност.

Конфликтот со некој од колегите ве погодува емотивно

Без разлика на причината поради која настанал конфликтот, истиот е непожелен за работното место. Ако некој постојно ве провоцира или успешно манипулира со ситуацијата задржете ја самоконтролата. Обидете се да ја игнорирате личноста и да не дозволите да си игра со вас. Сетете се дека сте дошле да работите и дека вашето работно место е последното место каде треба да си дозволите пресметки на лично ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби