Избери модел: Каков задник – таков костим за капење

Вистинскиот костим за капење може да направи чуда за вашиот задник. За многу жени овој дел од телото е слаба точка што треба да се сокрие под марама. Сепак, не мора да биде така, ако знаете правилно да изберете соодветен долен дел.

Мал задник – бразилки или бикини

Жените со мал задник може да експериментираат со минијатурниот долен дел од костимот за капење, но во шарена варијанта. Еден од најдобрите модели за овој задник се бразилките, односно плитки бикини гаќички со странично врзување.

Рамен задник – боксерка стил

Задникот што нема нагласен профил ниту нагласени колкови дозволува различни долни делови. Сепак, со оваа градба најдобро се вклопуваат плитки боксерки или плитко бикини со впечатливи детали.

Широк задник – широк модел

За жените со широк задник се препорачуваат модели кои се широки од страна. На овој начин широкиот дел ги прекрива колковите и го става акцентот на нозете, што пак визуелно ги продолжува и ги прави потенки.

Заоблен задник – ретро гаќички

Жените кои се благословени со заоблен и стегнат задник може да експериментираат со најжешкиот модел на сезоната, ретро костимите за капење. Кај овие модели со висока половина бедрата се во преден план, додека нозете се издолжуваат.

Заоблен и спуштен задник – бразилки

Оваа форма на задник може да биде мошне секси со помош на плиткиот бикини модел, што високо се врзува од страните. Доколку не ви се допаѓа овој модел, тогаш изберете парче што од страните ќе биде што потенко.

Мал нагласен задник – секој модел што се врзува од страна

Обидете се да најдете модел што е со изразени детали на колковите. Најдобриот избор е малку поширок долен дел што од страните има плетени ленти за врзување или пак повеќе од една лента.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби