Нумерологија: Каде грешите кога избирате партнер?

Познавањето на броевите може да биде од голема помош во емотивниот живот. Секој од нас има личен број, што лесно може да се пресмета преку собирање на сите броеви од датумот и годината на раѓање. Откако ќе го откриете својот број и бројот на вашиот партнер, направете споредба и дознајте колку си одговарате.



Да претпоставиме дека сте родени на 24.05.1975-та година. Вашиот личен број ќе биде еднаков на 2+4+5 +1+9+7+5 =33 односно 3+3 = 6 бидејќи треба да се добие едноцифрен број.

Број 1- сјаен љубовник

Родените во овој број се упорни и често тврдоглави љубовници кои се родени водачи. Имаат голема самодоверба и се одлични во креветот. Некогаш знаат да се однесуваат посесивно, но во суштина се заштитнички настроени кој својот сакан. Кога се вљубени ја држат личноста како капка на дланка и се гордеат со неа во друштво. Немаат проблем со освојувањето зошто се шармантни по природа. Најдобро се согласуваат со броевите 2, 4 и 7. Кај двојките паѓаат на нежноста, додека 4-те ги привлекуваат со непредвидливоста.

Број 2- романтичар

Двојките имаат дипломатско и мирољубиво однесување. Луѓе со голема фантазија желни за романтика. Знаат како да сочувствуваат со луѓето и се љубезни во контакт со другите. Во љубовта се топли и бараат многу докази за љубов за да се почувствуваат сакано. Имаат потреба од партнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и ќе ги толерира честите промени на расположение. Единиците им ја зајакнуваат самодовербата, а одлично се согласуваат и со бројот 7.

Број 3 – лесно се вљубува

Луѓето со број три се великодушни и добронамерни, знаат како да уживаат во животот и убавите нешта. Лесно се заљубуваат и бараат партнер кој ќе може да ги смири и да им пружи сигурност. Чувствителни се, но непостојани. Постојано се во потрага по идеален љубовник, па лесно влетуваат од една во друга врска. Си одговараат со 6-те, но и со 8 и 9.

Број 4 – тешко се врзува

Четворките се мошне независни и ја сакаат својата слобода. Бидејќи се оригинални лесно се вклопуваат со секое друштво. Знаат како да се шегуваат и да ги сакаат луѓето. Во љубовта се непредвидливи затоа што имаат тенденција на секого да му најдат маана. Пред да стапат во брак, треба да поминат низ турбулентна љубовна фаза. Супер си одговараат со партнер со број 1, како и со 7-ца.

Број 5 – крие чувства

Брзи и снаодливи, петките се природно шармантни и забавни. Сакаат да патуваат и да се забавуваат. Во емотивните односи се премногу плашливи и тешко се отвораат емотивно пред партнерот. За среќа немаат проблем со заведувањето, па секогаш имаат некој кој сака да ги освои. Најдобро се согласуваат со 1 и 6.

Број 6 – љубов на прво место

Уметнички души кои се со добар и попустлив карактер. Со тоа се едни од најпожелните љубовни партнери. Секогаш се смирени и љубовта ја ставаат на прво место. Секогаш се во потрага по сродна душа. Без љубов не можат да се смират и да ја најдат смислата на животот. Бројот 3 може да им ја пружи саканата сигурност, додека со 5 секогаш имаат возбудлива врска.

Број 7 – сè за партнерот

Ова се луѓе кои се мошне духовни и чувствителни. Затоа внимавајте да не ги повредите нивните чувства. Кога ќе излезат од неуспешна врска им треба подолго време додека да влезат во нова. Иако имаат одлична интуиција, често избираат погрешен партнер. Љубовната среќа им се насмевнува со личности од броевите 1 и 2, затоа што можат да ги задоволат нивните емотивни потреби.

Број 8 –внимателни во љубовта

Овој број е практичен и цврсто стои на земја. Има реални очекувања и е внимателен. Трпелив е има одлична самоконтрола. Детално го анализира партнерот и точно знае што бара за себе. Сака љубовна сигурност на долг рок. Токму поради тоа му одговараат броевите 3 и 9. Тројките се практични, додека деветките се полни со енергија.

Број 9- освојувачи

Деветките се страствени и енергични по природа, а понекогаш и многу тврдоглави. Искрени и директни, со изразено либидо, кога се љубени потполно го губат разумот. Освојуваат директно и шармантно, без разлика на тоа на кој пол му припаѓаат. Три и пет ги дополнуваат, додека 6 и 8 ги смируваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби