Љубов на дланка: Откријте што покажува вашата линија на срцето

Линијата на срцето ја открива среќата во љубовта, но и здравствената состојба на срцето. Најблиску е до прстите и обично почнува околу Јупитеровиот (показалецот) или Сатурновиот прст (средниот прст), а завршува на крајот на дланката, под Меркуровиот прст. Линијата на срцето ја покажува емоционалната состојба на личностите – колку линијата е поголема, толку личноста има поголема потреба да сака и да биде сакана, но и толку и е поголемо либидото. Рамната линија укажува на ладен карактер.



Слабо изразената линија на срцето упатува на емоционална нестабилност и проблем при воспоставување на комуникација со другите. Длабочината на линијата зборува за здравствената состојба на срцето, па колку е подлабока толку е поздраво. Линијата на срцето не треба да биде посилна од линијата на главата, бидејќи во тој случај преовладува страста, а не разумот и посклони сме на полоши избори.

Ниедна линија не е совршена. Ако разгранувањето се појавува на крајот на линијата на срцето, се работи за преминување од крајности во крајности. Овде најчесто ќе се најдат многу емотивни луѓе, кои од голема љубов доаѓаат до омраза. Испреплетената линија е знак за многу љубовни и сексуални врски. Слабо изразената линија е знак на недостаток на енергија. Малите коси црти кои одат кон горе се безопасни, додека оние кои се движат надолу ја одземаат силата на линијата. Прекинот во линиите може да означи и време на слабост, животно несогласување или завршување на еден начин на живот.

Малите линии кои се разгрануваат нагоре прикажуваат личност склона на флерт и неповерлива природа. Прекините на линијата покажуваат и скршено срце, а пресечена линија покажува личност која е растргната помеѓу независност и длабок однос. Ако линијата започнува од Јупитеровиот прст (показалец), се работи за романтична личност. Најчесто се работи за идеалисти кои скокаат од врска во врска, но на крајот остануваат со скршени срца кога партнерот конечно ќе покаже и најмали грешки.

Сите видови на линии на срцето



Ако линијата на срцето е свртена нагоре и започнува од показалецот, личноста може да бара многу работи од други луѓе, вклучително и во љубовниот и во светот на работата.

Линијата која излегува од средината на Јупитеровиот прст, претставува личност која сака романтични калкулации, но и успешен партнер, било во љубовно или социјално опкружување. Оваа линија на срцето истовремено укажува на лојалност и гордост.



Идеална комбинација е почеток на линијата помеѓу показалецот и средниот прст. Личноста е среќна и цврсто стои на земја, го прифаќа својот партнер онаков каков што е. Се работи за искрена и топла особа која нема големи барања од партнерот.

Најлошите особини ги крие личноста чија линија почнува од Сатурновиот прст (средниот прст). Се работи за себични луѓе кои не се претерано верни, но имаат исполнет сексуален живот, силно либидо и склони се на хедонизам. Таа личност може да е полна со љубов, но да не ја покажува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби