Најдобриот одмор според твојот хороскопски знак

Дали го испланиравте вашиот летен одмор? Доколку се уште размислувате, погледнете што велат ѕвездите и дали е подобро да уживате на плажа или на планина.

Овен



Вид на патување: Авантура
Сака: Разни патувања, кампинг, казина, спортски настани
Овните се природни поттикнувачи на независните патувања. Уживаат во одмор кој не им е толку многу испланиран, бидејќи сакаат да бидат спонтани. Може да биде некое едноставно патување на нова локација за нив или некоја експедиција на искачување на некој врв.

Бик

Вид на патување: Луксузен
Сака: Музички фестивали, убави природни предели, спа центри, ексклузивни хотели и микс од различна храна
Енергијата на Бикот плени од стабилност. Бикот има големо трпение, но сака да се релаксира во удобност. Работи напорно, па затоа одморот му е заслужен, иако ќе се задоволи и со еден викенд во луксузен хотел или спа центар.

Близнаци

Вид на патување: Испланирано
Сака: Да учи нешто ново, да посети повеќе локации и турнеи
Близнаците се многу муабетлив знак, па нема да ви биде досадно со нив никогаш. Сакаат да запознаваат нови луѓе и да посетуваат повеќе дестинации, па сигурно нема да останат само на едно место.

Рак

Вид на патување: Удобно
Сака: Вода, фамилијарни одмори, убави градби
Ракот постојано сака да гледа нешто, без разлика дали тоа се растенија, зеленчук или да негува некоја врска. Сакаат сигурен и испланиран одмор, со одредени забавни дневни активности.

Лав



Вид на патување: Висока класа
Сака: Да прави многу работи, да посетува културни настани, скапи места и софистицирани ресторани
Драматичниот Лав ужива да е во центарот на вниманието, па најинтересно ќе му биде тој да организира патување, во кое ќе си ги задоволи своите потреби. Најчесто избира луксузни дестинации како Париз или Милано, каде што сакаат да ги третираат со кралски третман.

Девица

Вид на патување: Искусно
Сака: Истражување на најдобрите спортски или локални настани, тури низ градот и убава архитектура
Девицата многу ги анализира работите, па затоа сака да го истражи убаво местото каде што се наоѓа. Но, во тие обиколки знае да внесе и забава, па често може да ја најдете на дегустација на вино или на некој час по готвење.

Вага

Вид на патување: Смирено
Сака: Бутици, нови ресторани, ноќен живот
Сака да ужива во луд одмор, но и во оној мирниот кој ќе и овозможи полнење на батериите. Најчесто избира дестинации кои им ги нудат и двете работи.

Скорпија

Вид на патување: Исполнето
Сака: Приватни места, реки, време за активности кои ќе може да ги прави сама
Скорпијата сака да ужива покрај вода, да ги наполни батериите и да се врати повторно со освежен изглед. Но, освен добар одмор, потребно и е и време кое ќе може да го помине сама, без разлика со кого е на одмор.

Стрелец



Вид на патување: Љубопитно
Сака: Да истражува непознати територии, места со богата историја, национални паркови, непланирани авантури
Стрелецот ќе ви организира уникатни излети во некој историски град каде што ќе ве тера да ја истражувате целата природа. Со тоа ќе си го обноват својот дух и енергија, но и ќе ги задоволат своите желби.

Јарец

Вид на патување: Длабоко
Сака: Погледи од височини, музеи, големи искуства
Јарецот ќе ги искористи можностите кои му се нудат, па многу е голема веројатноста да волонтираат во некоја туристичка агенција. Одморот го користат да се поврзат со своите блиски и сакани, но со доза на реалксираност и интересни активности.

Водолија

Вид на патување: Ново
Сака: Природни чуда, нетипични дестинации, авантура и нови градови
Водолијата е полна со идеи и визии, иако сака да биде во друштво со свои луѓе кои ги гледа секојдневно. Бира одмор кој ќе ја оттргне од секојдневието и ќе се потруди тоа да биде некоја нетипична дестинација на некое ново откриено место.

Риби

Вид на патување: Пренасочено
Сакаат: Вода, романтика и пловење
Рибите сакаат вода па најчесто ќе ги најдете како пливаат. Исто така, сакаат духовно да се надградуваат, па затоа бараат дестинации со убави погледи кои ќе им овозможат одлични фантазии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби