Сечат раце и нозе за да создадат совршено бикини тело

Секогаш кога ќе ги погледнеме сите оние супермодели во секси костими за капење, тивко воздивнуваме и се прашуваме зошто и ние немаме такво тело. Сепак, она што не го знаеме е дека и тие го немаат.

Најголемиот дел од она што го гледаме во суштина е дело на Photoshop. Ако досега мислевте дека се коригираат само мали делови, тогаш ќе бидете пополно изненадени кога ќе дознаете дека се прави замена на цели тела.

Уште пред да се започне со фотосесијата сите костими за капење се пополнуваат со перничиња и со дополнителни делови. Некои модели велат дека костимите се толку тешки, што не можат да се држат во рака.

Под горниот костим за капење најчесто се носат градници за да се подигне деколтето. На овој начин градите им изгледаат како природно да се подигнати во костимот за капење.

Оној што треба да ги обработи фотографиите во Photoshop, има задача да ги „досреди“ градите, односно да ги отстрани брадавиците, да им даде потопчеста форма и се разбира да ги направи поголеми од што реално се.

Кога се прави подготовка за фотосесија, моделите не мораат да одат на депилација бидејќи по средувањето на фотографиите се средува и тој дел, па нивната кожа изгледа беспрекорно мазна.

Верувале или не, телата на манекенките не се прават послаби, туку позаоблени. Онаму каде што има нагласена коска истата се маскира со поблаг преод.

Една од најбизарните промени е промената на тело. Некои брендови за долна облека и костими за капење, бараат од агенциите задолжени за фотографиит, да заменат одредени делови од телото на манекенките, со други. Па така, не ретко гледаме едно тело, со други раце или нозе, но не знаеме за тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби