Светски познатиот дизајнер на високи потпетици, Џузепе Заноти ги здружи силите со латино дивата Џенифер Лопез, за да создадат уникатна колекција на чевли.
„Giuseppe for Jennifer Lopez“ ќе биде пуштена во продажба низ продавниците низ светот во јануари следната година.
Судејќи по неколкуте фотографии што беа објавени, станува збор за интересни модели кои одлично го доловуваат стилот на пејачката, а воедно го носат и препознатливиот печат на италијанскиот дизајнер.