Научниците открија зошто мажите доминираат на работното место

Доминацијата на мажите на работното место присутна е со векови наназад. Научниците дојдоа до заклучок дека таа тенденција и не е многу променета во последните децении, без разлика колку и да се зборува за рамноправност на половите.

Се поставува прашањето зошто сето тоа функционира исто како и кај нашите предци. Одговорот го дала повеќегодишната студија што се позанимавала со овој феномен. Дел од енигмата лежи во способноста на мажите полесно да се смируваат по конфликтот со нивниот непријател, за разлика од понежниот пол.

Научниците го проучувале однесувањето на спортистите по завршување на натпреварот, конфликтот или било каков судир и заклучиле дека мажите поминуваат повеќе време во разговор, допирање или гушкање со нивните противници за разлика од жените.

Овие обиди да се „смират страстите“ овозможуваат мажите подоцна успешно да соработуваат, пишува BBC. Научниците со години ги буни способноста на машките шимпанза кои постојано се расправаат и борат, да заборават на конфликтот и да почнат да соработуваат кога треба да се впуштат во борбата за територија со други групи.



Во повеќе наврати истражувањата покажуваат дека машките и женските шимпанза се однесуваат поинаку едни со други после меѓусебните судири. Едноставно мажите се многу повеќе склони кон помирување.

Психолозите го поставиле прашањето дали тоа е идентично и кај луѓето, па одлучиле да набљудуваат спортски настани и да видат дали се реплицира истиот начин/матрица на однесување.



Тие набљудувале мажи и жени спортисти кои се натпреварувале во тенис, пинг-понг, бадминтон во 44 земји. Се фокусирале на она што се случува на крајот од мечот во однос на физички контакт, како што е ракување и прегрнување помеѓу противниците.

Претходните студии покажале дека во светот во целина физичкиот контакт е почест кај жените или еднаков со оној кај мажите, но во споменативе четири спортови мажите имаат повеќе физички контакти како што е допирањето односно „поврзаност по конфликтот", како што авторите на студијата го нарекуваат.

- Забележавме дека многу пати жените се допираат само со прстите, вели, професорката Џојс Бененсон на Емануел колеџот и на Харвард, додавајќи како ракувањето помеѓу мажите е многу поинтимно.



Бененсон смета дека во боксот, ракувањето/прегрнувањето е најмалку застапено бидејќи целта е да се елиминира противникот. Но, се воспоставило сосем спротивното, овде било најчесто, многу повеќе во однос на останатите спортови.

Имајќи го во предвид претходното авторите заклучиле дека мажите во споменатите спортови се однесуваат идентично како шимпанзата – вложуваат повеќе време во „пеглање“ на разликите со противникот за понатаму да можат да соработуваат.



Бененсон вели дека истражувањата покажуваат како овие вештини на помирување, односно „еволутивната разлика меѓу половите, се уште важат и денес." Заклучокот е дека таквите навики им штетат на жените на работното место.

- Односот меѓу двете жени често е нарушен ако едната од нив достигне повисок статус од другите, вели професорот Роберт Деанер од Универзитетот Grand Valley State.



- Спротивно на тоа, мажите се потолерантни на таквите подеми и падови, што може да биде причина зошто тие се подобри во одржувањето на големи истополови заедница, вели Деанер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби