НЕ ОПТОВАРУВАЈТЕ СО НЕПОТРЕБНИ СИТНИЦИ

Искреност во врската: Што да кажете, а што не?

Комуникацијата во врските е клуч на успешен однос и тоа не само партнерски, туку и пријателски, родителски, фамилијарен и работен однос. Успешната комуникација води до подобри односи.



Што всушност значи успешна комуникација? Значи ли дека секогаш треба сите карти да се отворат? Баш секоја ситница и мисла? Во љубовните врски, дали значи тоа дека вашиот партнер мора непрекинато да биде вклучен во вашите размислувања и секогаш и во сè да учествува? Одговорот на ова прашање е НЕ!

Врската е составена од две целосни личности. Две суштества кои одбираат да бидат заедно еден за друг. Не се работи за однос во кој и двајцата стануваат едно, туку двајца кои се согласуваат, но имаат и различни мислења за одредени работи.

Умереноста е всушност секогаш клуч на успехот. Направени се бројни психолошки истражувања за тоа која е најдобрата комуникација меѓу партнерите. Едно истражување покажало дека за успешност во врската многу е важно да делите ситници од секојдневниот живот, да споделувате секојдневни случки и ситни авантури. Но, друго истражување покажало дека зборувањето за ситници и секојдневни авантури не доведува до успешна врска, туку разговорите за некои смислени и сериозни теми. Токму тоа покажува дека е многу важно да сте умерени и на средина на сè, па така и во комуникацијата со партнерот.

Ако не сте сигурни дали требате да му кажете нешто на партнерот или не, секогаш е подобро да го кажете, од перспектива на квалитетна врска. Ако навистина е ситница – никому ништо. Ако тоа е важна работа, најдобро е да изнесете сè на виделина, па заеднички да одлучите што ќе направите со тоа.

Што треба да знаете за комуникацијата со партнерот?



Не комуницираме исто

Мажите во комуникацијата се појасни, подоследни и порационални. Жените повеќе внимание посветуваат на невербалните знаци и се почувствителни. Никогаш во историјата, мажите и жените не комуницирале на идентичен начин. Немојте на тоа да гледате како на препрека, туку како на предизвик за учење. Престанете да очекувате дека партнерот ќе разговара со вас на ист начин како што вие разговарате со пријателките. Никогаш нема да се случи тоа.

Комуникацијата е вештина која се учи

Исто како и пливање, скијање или возење велосипед. Тоа е вештина. Повеќето сме родени со способности да држиме убави говори. Во комуникацијата секогаш постои поголема или помала можност за грешење, односно она што се кажува може погрешно да се разбере. Затоа секогаш е добро да се појасни мислата, да се прошири она што се зборува и да се праша ако нешто не е јасно.

Комуникација на две нивоа – содржина и релевантност

Содржината на комуникацијата е тоа што го зборуваме со зборови. Релевантниот дел на пораката влијае на односот помеѓу личностите кои комуницираат, а се состои од тон на глас, мимики и брзина на говор. Со други зборови, многу е важен начинот на кој кажуваме нешто.

На зборовите „Што ти е?“ ако добиеме одговор „Ништо“, по тонот на гласот може да процениме дека нешто не е како што треба. Значи реагираме по самиот тон, а не само по она што е кажано.

Уште една важна тема во комуникацијата е минатото, сегашноста и иднината. Што сè треба да споделиме?



Минато

Многу е важно партнерот да го знае вашето минато. Не секоја ситница, ниту секој детаљ. Можеби некои работи ќе може да ги прескокнете, ако сметате дека ќе го повредат или непотребно ќе го вознемират. Сепак, доколку се важни, а непријатни, треба да ги слушне од вас. Исто така треба да знае и за информации поврзани со вашето семејство, роднини, од каде потекнувате, случаи од детството и слично. На овој начин, врската ќе се зајакне, бидејќи ќе го вклучите партнерот во спомените во кои тој не бил присутен.

Сегашност

Секојдневните случувања и искуства ви го прават животот возбудлив, досаден, напорен, тежок, весел.. Важно е да ги споделите тие искуства со партнерот, со цел тој да сфати што влијае на вашето расположените. Дали ќе навлегувате во деталите, одлуката е ваша. Ако станува збор за теми што не ви се подеднакво интересни, тогаш нема потреба да зборувате само за тоа. Но, партнерот има право да дознае што се случува со вас и како се чувствувате поради тоа (без разлика дали се работи за омилениот клуб или долгата зелена тоалета која конечно е на попуст).

Исто така, важно е да ги споделите вашите ставови за некои случувања, ситуации и луѓе. Не е нужно ниту пресудно тие ставови да се идентични, но важно е партнерот да биде запознаен со нив. Секој може да има мислење за некој филм, личност или политичка партија. Ако е различно и тоа пречи, не мора да се разговара за тоа, може целосно да се живее и без таа конкретна тема.

Иднина

Заедничките разговори за иднината, правење планови за идните случувања се пресудни за квалитетна врска. Ако нема потреба од заеднички планови и заедничко планирање на иднината, разговорите за тоа што сакате и планирате, прашање е дали врската во која што сте ќе опстане во иднина. Делењето на секоја ситница не е пресудно, но разговорот за ново работно место во друг град е многу важно да го споделите со вашиот партнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби