ИМААТ ТЕЛА ЗА КАКВИ СИТЕ СОНУВААТ

Кој е заслужен за извајаните тела на ѕвездите?

Немојте да се споредувате со славните личности, бидејќи секој е посебен и на секого му  е потребна индивидуално прилагодена програма за вежбање, сметаат тренерите на холивудски ѕвезди кои имаат неверојатни тела.

Всушност, благодарение на познатите, тие тренери станаа планетарно познати и нивните совети го преплавуваат интернетот.



Едно од најпознатите имиња е Трејси Андерсон, лична тренерка на поп дивата Џенифер Лопез и актерката Гвинет Палтроу.

Има работено и со Мадона, Кортни Кокс и многу други познати ѕвезди. Имено, освен што е тренер, таа е и танчерка, сопственичка на низа луксузни фитнес центри во Америка, има сопствена линија на DVD програми и опрема за вежбање, а неретко организира и фитнес настани.

Трејси има одлично тело без грам сало, што во младоста воопшто не било случај, бидејќи била полна девојка. Токму поради нејзиниот изглед ја развила програмата Tracy Anderson Method за слабо, но женствено и секси тело.

Враќање на рамнотежа

- Мојата мисија е да создадам рамнотежа каде што постои нерамнотежа во вашето тело, смета Трејси, која е позната по слободниот стил на комбинирање разни вежби за целосна трансформација.

Вежбите често се менуваат бидејќи мускулите се паметни, но брзо се навикнуваат на познатата рутина. Смета дека вежбањето треба да биде физички и ментален предизвик, но без екстремни напори. Таа препорачува еден час вежбање на ден, шест дена во неделата. Тука спаѓа кардио тренинг (танц, аеробик, трчање), вежби за сила и истегнувања. Нејзиниот стил на вежбање подразбира и посебен план на исхрана со многу зеленчук и продукти богати со протеини.



Друга позната тренерка помеѓу познатите е и Ана Кejсер, која вежба со Сара Џесика Паркер и Наоми Вотс, како и пејачката Шакира. Поранешната танчерка и кореографка ја осмислила познатата метода на вежбање – AKT in Motion, која опфаќа цел спектар на фитнес елементи, од јога до кикбокс.

Забава, а не забрана

- Вежбањето мора да биде забавно, никогаш не треба да се здосадувате, па постојано воведувам други елементи. Верувам во сеопфатлив тренинг кој го подобрува животот и надвор од фитнес салата. Фитнесот би требало да расте и да се развива во споредба со тоа како вие се развивате во животот. Би требало да ве инспирирам и мотивирам за да продолжите, смета Ана, која е против едноличен тренинг.

Исто така смета дека нема никаква корист од строгите диети.

- Не верувам во забрани и одрекувања, туку во рамнотежа помеѓу вежбањето и исхраната. Не е во ред да се воведе целосна промена, туку подобро е да се започне со промена на една работа, на пример да го намалите внесувањето на шеќер или да јадете помалку леб.

И Џастин Гелбанд, основач на студиото ModelFIT, е познат фитнес гуру во шоубизнисот. Тој ги тренирал најпознатите манекенки од модната куќа Victoria’s Secret, меѓу кои Миранда Кер, Кендис Сванепол и Карли Клос.



- Мојата филозофија е да бидете фит онака како вашето тело сака, како што вас природата ве дала. Не постои универзална вежба за задникот или за градите која ќе ги направи истите резултати за сите, бидејќи сите се различни. Исто така, исклучително важна е редовната исхрана. Кога почнав да работам со моделите, се изнагледав анорексија и булимија. Кој работи со мене, мора и здраво да се храни, истакнува Џастин.

Многу за фитнесот има да каже и тренерката и нутриционистка Рамона Браганза, чии клиентки се Џесика Алба, Хали Бери, Ева Мендес и Кејт Бекинсејл. Рамона се прославила со методот „3-2-1“, односно спој од различни видови на вежби со кои телото може да се доведе до совршенство за шест недели.

Рамона советува како пред секое вежбање на огранизмот треба да му се даде „гориво“. Ако не ја јадете вистинската храна пред одење во терерана, може да го „саботирате“ вежбањето. Се залага за паметно вежбање од 30 до 45 минути, а не долги тренинзи кои може да ги оштетат мускулите.

Џенифер Лопез и Трејси Андерсон



Џенифер оваа година го прослави својот 47-ми роденден. Малку е да кажеме дека оваа мајка на 8-годишни близнаци изгледа фантастично. Вели дека за тоа може да се заблагодари на дисциплинираниот начин на живот. Исхраната и се базира на органски намирници, не пуши, не пие алкохол, спие по осум часа и вежба секој ден.

Наоми Вотс и Ана Кејсер



Актерката Наоми, која исто така има 47 години има совршено тело, кое не е променето ни откако стана мајка. Сораборува со повеќе тренери, меѓу кои и Ана Кејсер, со која применува најразлични вежби.

Миранда Кер и Џастин Гелбанд



Поранешниот ангел на Victoria’s Secret, својата фигура ја „вајаше“ заедно со Џастин. Тој и изготвил индивидуална програма за вежбање, заедно со контролирано внесување на храна, но без изгладнување, со цел зад витката линија да стои сила и еластичност, а не слабост и кршливост. Миранда тврди дека од мали нозе живее здраво. Вежба три до четири пати неделно околу 75 минути, а вклучува посебни вежби за нозе, задник, тело и гради. Вежбите ги комбинира со трчање, пливање и јога.

Џесика Алба и Рамона Браганза



Џесика е мајка на две деца, но се уште ја одржува неверојатната фигура со вежбање по програмата на Рамона. Имено, Рамона е поранешна гимнастичатка, која се специјализирала брзо да ги враќа ѕвездите во форма. Џесика изведува различни комбинации од вежби, пет до шест пати неделно, кои го опфаќаат целото тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби