Ѕвездите на серијата Girls, Џемима Кларк и Лина Данам се последните дами кои позираа за кампањата на Lonely, компанијата за производство на долна облека од Нов Зеланд.
Џемима и Лина со две фотографии ја преставија најновата колекција на долна облека на Lonely, а целта на самата компанија е да произведува долна облека за сите видови и облици на тело. Lonely промовира кампањи за производите кои се без употреба на фотошоп и без ангажирање на професионални манекенки со прифатени стандарди на телата.
Погледнете ги Џемима и Лина во фотографите за Lonely.