МАМА НЕ ГО ПРАВИ ТОА ТАКА

Што открива односот син-мајка за вашиот партнер?

Поврзаноста на мајката и синот е мошне силна. Психолошки гледано, секој маж кој негува добар однос со мајка му има многу поголемо разбирање кон жените и е подобар партнер. Обратете внимание на неговиот однос со мајка му, бидејќи открива многу за него.



Го игнорира вашето мислење поради нејзиното

Мајка ми не го прави тоа така или мајка ми така вели се речениците кои не сака да ги слушне ниту една жена. Тие се само сигнал дека вашиот партнер се уште не си живее сопствен живот и не стекнал сопствени вредности. Јасно дадете му до знаење дека вие работите по свое, а не како што работи неговата мајка.

Совршена е во неговите очи

Што и да каже или направи мајка му, секогаш е подобра од вас. Кога мажот ќе ви покаже дека на овој начин ја гледа својата мајка, тогаш можеби е време да расчистите со некои работи или едноставно да си заминете од неговиот живот.

Секогаш бара нејзино мислење

Одлучноста е една од најпривлечните квалитети на мажите. Консултирањето со мајка му околу донесувањето на секоја одлука, па и на онаа најмалата и неважна, е јасен знак дека е целосно несигурен. Ако сам себе не си верува доволно за да донесе одлука, како ќе му верувате вие?



И се јавува секој ден за да и раскаже сè за вашата врска

Нема ништо лошо во нивната комуникација, но партнерот треба да сфати дека некои интимни детали не треба да ги споделува со својата мајка. Тоа, меѓу останатото, кај неа создава потреба да биде вклучена во секој аспект од вашиот однос, особено во евентуалните проблеми кои би требало сами да ги решавате.

Мисли дека мајка му е слугинка

Редовни гости сте на неделниот ручек кај неговите родители, а тој никогаш не се понудил да и помогне на каков било начин. Не може сам да си земе ниту чаша вода, туку постојано бара мајка му да му донесе. Токму ова се знаци кои покажуваат дека си имате работа со мрзлив човек. За неговото однесување делумно е виновна и таа, бидејќи секогаш работела наместо него. Сепак, без разлика на тоа, зрел маж би требало да има доволно почит и да биде на услуга на својата мајка во потребните моменти.

Нема почит кон неа



Дрзок е кон неа и кажува неубави работи, дури и кога е во ваше друштво. Наједноставно кажано, во прашање е безобразен маж каков сигурно не сакате да го имате покрај себе, бидејќи исто така може еден ден да се однесува кон вас.

Не е близок со неа

Често се случува односот меѓу синот и мајката да се излади и поради некоја причина тие веќе да не се блиски. Сепак, тоа е нивна работа и не треба да му приговарате. Но, ако е во прашање „разгалено дете“, кое нема трпение за својата мајка, тогаш ситуацијата е поразлична. Ако нема време за вистинската жена во својот живот која го сакала, тогаш ни неговата партнерка нема да му биде приоритет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби