ПОСАМОУВЕРЕНИ, ПОИСКУСНИ И ПОЗРЕЛИ

Зошто мажите избираат постари жени за партнерки?

Во последно време сведоци сме на парови каде жената е повозрасна од мажот, па тоа како да стана некоја мода која се повеќе млади ја практикуваат. Некои сметаат дека тие врски се неприфатливи, бидејќи општеството има разбирање само кон врските каде  мажот е оној кој е повозрасен од својата партнерка. Но, зошто некои млади мажи избираат постари девојки?



Зрелост и искуство

Зрелоста и самодовербата кај постарите дами, создаваат чувство на комфорност. Помладите девојки се посклони кон менување мислење, односно имаат однесување кое мажите не го сакаат, додека пак постарите анализираат подлабоко со цел потоа да изнесат едно и единствено мислење. Со оглед на поголемиот број на животни искуства, ја негуваат слободата и развојот на помладиот партнер во врската.

Факторот на забрането овошје

Нашето општество се уште не ги прифаќа врските на помлад парнтер и постата партнерка. Но, токму тој елемент на забрането овошје кај мажите создава дополнителна потреба да пробаат нешто ново и интересно. Тенденција на луѓето е повеќе да го сакаат она што не може лесно да го добијат.



Независност и слобода

Повеќето постари девојки се фокусираат на работата и финансиската состојба, што ги прави независни од мажот. Мажите многу полесно функционираат доколку партнерките се самите по себе одговорни и не им вршат каков било притисок. Освен тоа, зборот брак речиси и да не го спомнуваат, што целосно им одговара на мажите, кои кога би можеле цел живот би останале слободни.

Смиреност

Познато е дека мажите не сакаат да комплицираат, особено кога се работи за секојдневни ситници, па и постарите девојки се водат по истото правило. Драмата не постои во нивното однесување, а во стресните ситуации успеваат да останат смирени и да ја сочуваат енергијата за конкретно решавање на проблемот.



Искуство во кревет

Искуството е моќ на знаењето, па уште една предност кај постарите девојки е искуството во сексот. Слободата и самодовербата се пресудни фактори, па повозрасните девојки најверојатно ја надминале несигурноста околу изгледот, опседнатоста со новото и непробаното, што е сосема спротивно кај помладите девојки. Освен тоа, мажот има желба да биде со поискусна жена, која со задовослство ќе се потруди да ја задоволи во кревет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби