РЕШЕТЕ ГИ МИСТЕРИИТЕ

Импресивни психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот

Секое битие е единствено на оваа планета, но психолозите имаат остро сетило да дознаат дали некои однесувања се исти за сите луѓе. И многупати го докажале тоа. До сега сигурно сте читале за говор на тело или за тоа како сите луѓе се однесуваат додека лажат, а како додека ви ја кажуваат вистината. Овој пат, психолозите одделуваат неколку трикови преку кои ќе може да откриете некои работи кои повеќе нема да ве измачуваат и буквално ќе ви го олеснат животот.



За да откриете дали на некому му се допаѓате, изберете еден збор и секогаш кога личноста ќе го употреби зборот, кимнете со главата и насмевнете се. Ако и се допаѓате, ќе започне да го употребува зборот постојано.

Ако сакате да ве сфатат сериозно, тогаш кога кажувате нешто кажете дека тоа ви го кажал вашиот родител. Луѓето многу веруваат во совет даден од некој родител.

Сакате да се расчисти гужвата пред вас? Само насочете го погледот напред, во правецот во кој се движите и гледајте како сите ви прават пат. Во места во кои има гужва ако гледате напред, им покажувате на луѓето во кој правец се движите и на тој начин тие несвесно ќе ви прават пат.

Ако некоја песна ви се врти во глава, а сакате да ја заборавите, обидете се да помислите на крајот на песната. Нашиот мозок се труди да ги запамети работите кои сме ги оставиле незавршени.

Убедете ги децата да јадат некое јадење кое не го сакаат, на начин на кој нема да прашате дали сакаат, туку колку сакаат. На пример, ако не се љубители на брокула, прашајте ги колку гранчиња брокула да им направите, три или четири и тие автоматски се согласиле на тоа. Истиот трик можете да го искористите во различни ситуации.

Ако сакате да се согласат со вас, само кимајте со главата додека зборувате. Ако кимнувате тоа значи дека сè што кажувате е вистина. Уште повеќе, според социолошките однесувања и луѓето ќе ви враќаат со кимнување.



Ако имате чувство дека некој ве гледа или ве следи, само почнете да се проѕевате и разгледајте наоколу. Бидејќи проѕевањето е заразно, оној кој ќе почне да се проѕева значи ве следи.

Кога се поздравувате со некој, потрудете се рацете да ви се топли, бидејќи топлите раце се знак на пријателска атмосфера, додека ладните раце го имаат спротивниот ефект.

Што и да каже вашиот пријател, парафразирајте го и повторно кажете го. Личноста која зборува со вас потсвесно ќе има чувство дека сте многу добар слушател. Само не претерувајте со парафразирањето.

Ако сакате да ви помогне некој, започнете ја реченицата со зборовите „Ми треба твојата помош“. Луѓето не сакаат да се чувствуваат виновно со тоа што ќе одбијат да ви помогнат, па очекувајте ја помошта.

Ако сметате дека некој не ве сака, прашајте дали може да го позајмите неговото пенкало. Луѓето не сакаат да им помогнат на оние кои не ги сакаат, но на таква мала услуга нема кој не би возвратил позитивно. Евентуално, личноста ќе донесе заклучок дека не сте биле така лоши како што мислела претходно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби