Спајк Џонз и покрај тоа што нема авторски филмски проект од Her од 2013-та година, ги помина изминатите неколку години режирајќи реклами и музички спотови. Работеше на Only One на Кније Вест, го продуцираше и глумеше во Jackass Presents: Bad Grandpa 5, а ја режираше и воведната шпица за The Late Show with Stephen Colbert.
Овој месец тој ни го претстави последниот проект, рекламата за најновиот парфем од Kenzo.
Главна ѕвезда во рекламата е младата актерка Маргарет Квејли. Актерката, која веќе можевме да ја видиме во хитот The Nice Guys и во серијата The Leftovers, е ќерка на одличната холивудска актерка Енди Мекдауел, а како изгледаше таа во рекламата за Kenzo режирана од Оскаровецот Спајк Џонз?